Gorgieva, Dusanka (2016) Анализа на купувачка функција на Фондот за здравствено осигурување со посебен осврт на методи на плаќање. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.
Preview |
Text
Lektura za Dusanka.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Предметот на истражување во овој магистерски труд е купувачката функција на Фондот за осигурување, односно начинот на извршување на функцијата, нејзините карактеристики, методите на плаќање, како и реформите во јавното здравство кои влијаат на оваа функција и како е поврзана со останатите функции во јавното здравство, додека целта на истражувањето е да се создадат идни препораки и сугестии кон подобрување на купувачката функција и методите на плаќање, односно план на мерки кои треба да се преземат за нејзин развој. Јавното здравство претставува социјален, економски и политичко-правен концепт којшто има за цел подобрување на здравјето, продолжување на животот и подобрување на квалитетот на животот на целата популација преку унапредување на здравјето, превенција од болести и други форми на јавно-здравствени активности и интервенции. Фондот за здравствено осигурување (ФЗОМ) е главниот финансиер, покривајќи над 90% од вкупниот буџет за здравството. 35% од приходите на Фондот се добиваат од владата и доаѓаат од пензионерите и од невработените. Остатокот од приходите на Фондот го сочинуваат придонеси од работодавците, кои моментално изнесуваат 9,2% (плус 0,5% за осигурување од повреди на работното место), партиципација и други приходи. ФЗОМ покрива примарни здравствени услуги на општите лекари кои се финансираат по основа на капитација. Секундарна амбулантска нега се обезбедува од специјалисти кои работат и во јавната и во приватната здравствена заштита. Болниците кои главно се јавни се финансираат на база на историски пресметан буџет. Во магистерскиот труд фокусот на истражување ќе биде ставен кон купувачката функција на ФЗОМ. Клучни зборови: ФЗОМ, Методи на плаќање, Јавно здравстo
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 05 Feb 2016 09:54 |
Last Modified: | 05 Feb 2016 09:54 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15264 |
Actions (login required)
View Item |