Mircovski, Vojo and Dimov, Gorgi and Sijakova-Ivanova, Tena (2015) Искористување на тријаските варовници од локалитетот Рзачки Камен како суровина за градежно-технички камен. In: Подекс-Повекс '15, Технологија на подземна и површинска експлоатација на минерални суровини, 13 Nov 2015, Krusevo, Macedonia.
Preview |
Text
Trud 0. Prvi strani posle koricata Zbornik-2015-finalna (1).pdf Download (499kB) | Preview |
Preview |
Text
Trud 7. Vojo Mircovski - PODEKS 2015.pdf Download (876kB) | Preview |
Abstract
Средно тријаските варовници (Т2) кои се предмет на истражување во овој труд се наоѓаат во источниот дел на Република Македонија на околу 5 km источно од градот Делчево во локалитетот Рзачки Камен .
Во геолошката градба на пошироката околина на истражуваниот простор учествуваат карпи од камбриска, палеозоиска, тријаска, палеогена, неогена и квартерна старост.
Средно тријаските варовници конкордантно лежат над долнотријаските (Т1) седименти кои ја чинат подината. Варовниците имаат протегање СИ-ЈЗ, а генерално паѓаат кон југоисток со паден агол кој се движи од 40о – 44º. По целото свое протегање покажуваат хомогеност во составот, бојата и на останатите карактеристики. На некои делови каде варовниците диретно се појавуваат на теренот може да се види и процес на карстификација со појавување на шуплини. Варовникот е ситнозрнест и има масивна текстура. Структурата му е криптокристалеста до микрокристалеста. Изграден е од калцитска маса која се јавува во ситни неправилни форми.
За утврдување на можностите за искористување на овие варовници и нивната употреба како градежно-технички камен, покрај теренските истражувања вршени се и минералошко-петрографски и хемиски истражувања, а исто така одредени се и нивните физичко - механички својства. Добиените податоци укажуваат дека овие варовници ги задоволуваат критериумите за нивна употребливост во градежништвото за насипи и подлоги кај патишта и пруги и за дробен агрегат за производство на бетон и малтер.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Other engineering and technologies |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Gorgi Dimov |
Date Deposited: | 02 Feb 2016 11:07 |
Last Modified: | 02 Feb 2016 11:07 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15245 |
Actions (login required)
View Item |