Договор за вработување со приправници, пробна работа, волонтерство и волонтерски стаж

Belovski, Vojo (2015) Договор за вработување со приправници, пробна работа, волонтерство и волонтерски стаж. Годишен зборник на Правен факултет. ISSN 1857 – 8713

[thumbnail of V.B..pdf]
Preview
Text
V.B..pdf

Download (929kB) | Preview

Abstract

Во овој труд се анализираат моделите на ангажирање на работниците во работниот процес кај работодавачите преку формите на договорите за вработување и нивната содржина т.н. договор за вработување со приправник, договор за вработување со пробна работа и договор за волонтерски стаж. Дадени се примери на образци на наведените договори за вработување како урнек за нивна практична примена. За да се отстранат евентуални заблуди, објаснета е разликта помеѓу приправничкиот стаж, волонтерскиот стааж и волонтерството и пробната рабтота.
Овој труд е корисен за сите правници на кои ова област им е потесна специјалност, за студентите, а посебно за работодавачите при ангажирањето на нови работници како можност за избор на поквалитетни и постручни кадри, кои се регрутираат преку формите на договорот за вработување на приправници и договорот за пробна работа. Стекнатото образование е само предуслов за квалитетно и стручно извршување на работние задачи, а преку приправничкиот стаж се постигнува вистинско оспособување за самостојно извршување на работните задачи за работното место за кое кандидатот се подготвува. Таа е неопходна образовна подлога, но знаењето, вештината и способноста за успешно извршување на работата во струката се стекнува со практична работа. Предноста на пробната работа е во тоа што, ако работникот не задоволува, работодавачот не е во обврска да склучи договор за вработување и има можност да провери и изврќи избор од другу кандидати. Работникот условно заснова работен однос. Доколку работникот ги исполнува условите на работата, ќе остане во работен однос. Волонтерскиот стаж, како посебен услов за плагање на стручен испит или за самостојно вршење на дејност, во согласност со посебен закон, треба да се врши со склучување на договор за волонтерски стаж, меѓу работодавачот и волонтерот.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Kristina Miseva
Date Deposited: 27 Jan 2016 14:07
Last Modified: 01 Feb 2016 13:31
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15133

Actions (login required)

View Item View Item