Kuzmanovska, Dragana and Petkovska, Biljana and Kirova, Snezana (2015) Јазиците- мостови и ѕидови во комуникацијата. In: Second International Scientific Conference: Social change in the global world, 3-4 Sept 2015, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
Trud Praven Stip.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Јазикот е основното средство за комуникација помеѓу луѓето и оттаму произлегува неговата значајна улога во општеството. Јазикот настанал како резултат на потребата на човекот да ги искаже своите мисли и чувства. Секој човек е роден со способност да зборува. Ниедно друго живо суштество на нашата планета нема говорни органи како човекот, ниту мозок кој може да ги сфаќа симболите така како што може човекот. Од нас зависи колку ќе го усовршиме знаењето на јазикот и неговиот систем. Човечкиот јазик е најсовршено средство за комуникација. Комуницирањето е посебен процес на динамичка социјална интеракција која вклучува размена на идеи меѓу две или повеќе лица. Тоа, исто така ги изразува чувствата или што е уште позначајно однесувањето на луѓето. Вообичаено се вели дека секое однесување е комуникација, а секоја комуникација предизвикува однесување. (Mikanowicz & Shank, 2006). Ние комуницираме кога праќаме порака или примаме порака од некого. Тоа се чини како едноставен процес, но всушност се работи за сложен процес на активности каде што постои голем простор за погрешно толкување. Што се случува кога одеднаш ќе дојдат во допир различни култури и, се разбира, нивните јазици? Од друга страна, пак,кога ќе дојде до изолација на одделни групи, како се одразува тоа врз нивниот јазик? Да видиме како се изградиле мостови — но и ѕидови — во комуникацијата.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | јазик, комуникација, знаење |
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Snezana Kirova |
Date Deposited: | 27 Jan 2016 12:12 |
Last Modified: | 27 Jan 2016 12:12 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15083 |
Actions (login required)
View Item |