Metodijeski, Dejan and Taskov, Nako and Dimitrov, Nikola (2015) Позначајни манастири во Република Македонија. Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија. ISBN 978-608-65886-3-2
Preview |
Text
Vodic do manastirite vo RM.pdf Download (6MB) | Preview |
Abstract
И покрај нејзината европска локација, Република Македонија е изненадувачки неоткриени земја богата со природни убавини, историја и култура. Историски погледнато, манастирскиот туризам во земјата има долга традиција и постојат извори во кои се наведува сместувањето на патници и гостопримството на манастирите во минатото. Манастирските комплекси биле мошне богато изградени со повеќекатни конаци со проширени и испуштени чардаци, безбедносни кули, камбанарии, со мноштво економски згради, бачилници, подруми за вино, ракија и зимница. Манастирите имале свои метоси, шуми и ливади, пасишта за стока, лозја и овоштарници, движен имот и жива стока како овци, кози, говеда, а се занимавале и со пчеларство. Македонските манастири секогаш низ вековите биле со широко отворени порти за намерниците и верниците и за сите добри луѓе, за да се одморат, да се нахранат, да преспијат и пак да го продолжат својот пат. Тие ги помагале сиромашните и изнемоштените. Во нив се одвивал монашкиот живот, а од друга страна претставувале важни книжевни центри. За потребите на манастирите се создавани зографски, резбарски и градителски тајфи, кои ги украсувале не само манастирите во Македонија, туку биле најдобри и најбарани зографи, резбари, градители и иконописци на просторот на целиот Балкански полуостров.
Во Република Македонија, денес постојат повеќе од 270 манастири. Од нив 150 се сочувани манастири од кои поголемиот број се од локален карактер, како и 120 кои се урнати или полу урнати. Меѓутоа голем е бројот на манастирите кои се од особен интерес за посетителите и кои имаат регионално, национално, а некои од нив и интернационално значење.
Овој раскошно илустриран водич се стреми да понуди се што Ви треба за да ги откриете и посетите поважните манастирски комплекси во земјата. Освен туристичката информација за минатото на манастирите, водичот содржи и опис на манастирите, можност за сместување и исхрана, картографски прикажани мапи во боја со местоположбата на манастирите и нивната околина, контакт информации, објекти и места од посебно значење во близина на манастирите, препорачани тури и други важни информации. Водичот, како што сметавме го содржи се она кое би имале потреба да го знаат посетителите, без разлика дали станува збор за поклонички патувања на верниците или мотивацијата за патување се туристички цели.
Би сакале да се заблагодариме на сите оние кои помогнаа во подготовката на водичот, најпрво на монасите и монахињите во манастирите кои ни дадоа поддршка и потребните информации за составување на истиот, вработените на Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот Гоце Делчев – Штип, истражувачите кои работеа во собирањето на неопходната литература и електронски извори, свештените лица во МПЦ со кои контактиравме, фотографите, изработувачите на мапите, дизајнерите на водичот, вработените во Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот и сите оние кои дадоа свој нерезервиран и искрен придонес во изработката на ова издание.
Бидејќи ова е прво издание на водичот, ненамерно можеби сме пропуштиле некои важни моменти од манастирскиот туризам во Република Македонија. Отворени сме за Вашите сугестии кои можете да ги испратите по електронски пат за кое би Ви биле исклучително благодарни и ќе ги земеме предвид при печатење на второто и проширено печатење на водичот.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Tourism and Business Logistics |
Depositing User: | Dejan Metodijeski |
Date Deposited: | 26 Jan 2016 09:35 |
Last Modified: | 26 Jan 2016 09:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15013 |
Actions (login required)
View Item |