Водич низ регионите во Република Македонија

Dimitrov, Nikola and Taskov, Nako and Metodijeski, Dejan (2015) Водич низ регионите во Република Македонија. Агенција за промоција и поддршка на туризмот во Република Македонија. ISBN 978-608-65886-4-9

[thumbnail of Vodic niz regionite vo RM.pdf]
Preview
Text
Vodic niz regionite vo RM.pdf

Download (6MB) | Preview

Abstract

Република Македонија е мала по површина, но голема ризница на природни реткости и културно - историски споменици од најстарите времиња до денес. Водичот Ви ги презентира најважните информации за природните убавини и културно – историските знаменитости, хотелските и ресторанските капацитети во осумте статистички региони во Република Македонија.
За прегледно претставување на природните и културно – историските реткости во планските региони на Република Македонија, презентираме текстуален, картографски и фотографски материјал за сите туристички потенцијали. За секој регион низ кратки текстови, поткрепени со фотографии и карти, прикажани се природните убавини, културно-историските споменици, сообраќајната поврзаност и објектите за сместување, исхрана и забава. Главна цел на водичот е запознавање на посетителите со туристичките потенцијали на регионите во Република Македонија, нивно побезбедно, поквалитетно, побрзо, движење и престој во просторот, што ќе резултира со евидентирање и збогатување на туристичката понуда и развој на туризмот во државата.
Според формата и содржината водичот е конципиран да ја претстави Република Македонија како ризница за туристичко истражување и незаборавно доживување.
Проценуваме, дека, туристичкиот водич ќе претставува чекор напред во промоција на туристичките потенцијали и зголемување на туристичката посета во Република Македонија.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Dejan Metodijeski
Date Deposited: 26 Jan 2016 09:34
Last Modified: 26 Jan 2016 09:34
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/15012

Actions (login required)

View Item View Item