Договор на обем во меѓународниот превоз на стоки според Ротердамските правила

Tusevska, Borka (2015) Договор на обем во меѓународниот превоз на стоки според Ротердамските правила. Годишен зборник на Правен факултет, 4 (5). pp. 76-95. ISSN 1857-7229

[thumbnail of TB.pdf]
Preview
Text
TB.pdf

Download (854kB) | Preview

Abstract

Превозот на стока во меѓународниот поморски транспорт претставува проблематика од исклучително големо значење. Прашањето за превоз на стока во поморскиот транспорт има приватно правна и јавно правна димензија. Ваката констатација произлегува од фактот што превозот на стока по море првенствено претставува најексплоатираната транспортна маршрута, истовремено претставува гранка чии правен режим се рефлектира во повеќе сфери на општеството и тоа: економијата, политиката, екологијата итн.
Во последната деценија на 21 век, правниот режим на меѓународен превоз на стока претрпе бројни и разновидни промени во цел постигнување на меѓународна униформност во правилата, особено во создавањето на меѓународен правен инструмент кој што ќе го уреди мултимодалниот транспорт – Ротердамските правила од 2008 година. Во низата концепти кои што ги наметнаа Ротердамските правила, од исклучително значење на полето на договорното право беше концептот на „договор на обем“ во превозот на стока. Овој концепт повлече конкретни исклучоци во примената на императивниот меѓународен поредок за превоз и прашањето за одговорноста на превозникот. Токму во погглед на уредуањето на прашањето за одговорнсота на превозникот, се јавија најголемите дилеми и се проблематизираа конкретни прашања. Ви прилог на овие полемики стои фактот што Ротердамските правила се уште не се ратификувани од страна на 20 земји што претставува услов за нивно влегување во сила.
Во рамки на овој труд ќе се обидеме низ призмата на теоријата, решенијата на Ротердамските правила и судска практика, да ги утврдиме предностите и слабостите на концептот на „договор на обем“ во меѓународниот превоз на стока, оправданоста на дерогирањето на меѓународниот императивен поредок за превоз на стока и концептот на договор на обем во меѓународниот поморски превоз (оригинал volume contract“).

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 25 Jan 2016 14:00
Last Modified: 25 Jan 2016 14:00
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14994

Actions (login required)

View Item View Item