Petrova Gjorgjeva, Emilija and Kokotova, Tatjana (2015) Училишната организациска клима фактор за развој на современото училиште. In: Состојби, предизвици и перспективи во воспитанието и образованието во Република Македонија, 13 May 2015, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
Trud 3.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Училиштето е мошне стара воспитно-образовна организација која, гледано историски се
менува зависно од општествените промени и се приспособува кон новите барања на општеството и
неговите членови. Благодарение на тој свој динамизам, училиштето успеало да преживее многу постапни и
револуционерни општествени промени, успешно сообразувајќи се со новонастанатите услови и околности,
добивајќи нова функционална и соодветно дизајнирана ефикасна структура. Современото училиште
претставува комплексен и сложен организациски систем.Тоа произлегува од секојдневните односи на
релација наставник-ученик, наставник-наставник и наставник – директор. Притоа, честа е појавата на
т.н. “судир на генерации“. Тоа практично значи судир на две култури, културата на возрасните
(образувачи и воспитивачи) и културата на младите-новите генерации (оние што се образуваат и
воспитуваат). И сето тоа се одвива во една средина со свое опкружување и создаден амбиент во кој се
реализира наставниот процес, со индивидуалните и споделените перцепции, ставови и мислења на
членовите низ кои се случува животот во училиштето. Таа средина и тоа опкружување се
карактеризираатсо специфична организациска клима и организација на работењето на училиштето. Во
креирањето на климата во современото училиште, учествуваат директорот, наставниците и учениците
со своите ставови, мислења и однесувања, како во училиштето, така и надвор од него. Градењето и
негувањето на позитивна организациска клима во скоро секое училиште, подразбира воспоставување и
постојано унапредување на параметрите ( колегијалност, поддршка од директор) кои ја определуваат
организациската клима и перманентната контрола и евалуација на параметрите (иницијативност и
иновативност, планирање и креирање развој на училиштето) кои ја определуваат организацијата на
работењето на училиштето.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Uncontrolled Keywords: | организациска клима, современо училиште, колегијалност, поддршка од директор, иницијативност и иновативност, планирање и креирање развој на училипштето |
Subjects: | Humanities > Other humanities |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Emilija Petrova Gorgeva |
Date Deposited: | 25 Jan 2016 13:57 |
Last Modified: | 25 Jan 2016 13:57 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14993 |
Actions (login required)
View Item |