Batevska, Magdalena and Daskalovska, Nina (2015) За комплексноста на изучување нови зборови во наставата по странски јазици. Годишен зборник 2015 - Филолошки факултет, УГД - Штип, 6 (1). pp. 229-238. ISSN 1857-7059
Preview |
Text
ЗА КОМПЛЕКСНОСТА НА ИЗУЧУВАЊЕ НОВИ ЗБОРОВИ ВО НАСТАВАТА ПО СТРАНСКИ ЈАЗИЦИ.pdf - Published Version Download (2MB) | Preview |
Abstract
За да можат успешно да комуницираат на кој било странски јазик, потребно е учениците да поседуваат определен фонд на зборови на тој јазик, т.е. определен вокабулар кој соодветствува на нивното јазично ниво во рамките на Заедничката европска референтна рамка за јазици. Токму ова е една од примарните цели на наставата по англиски јазик, да ги оспособи учениците за успешна комуникација на англиски јазик во различни ситуации, да ги поттикне учениците за понатамошно рецептивно и продуктивно користење на странскиот јазик и непрекинато збогатување на веќе постоечкиот лексички фонд. Па, одовде несомнено произлегува дека суштината на еден јазик е неговиот вокабулар, а успешното совладување на јазичните вештини: читање, слушање, зборување и пишување, кај учениците, е директна последница на постојано учење и збогатување на нивниот фонд на зборови. Во овој труд се дефинираат термините „вокабулар» и „збор», се дава преглед на тоа што значи да се знае еден збор и кои аспекти на знаење на зборот ги опфаќа. Понатаму, ќе се разгледа како изучувањето на вокабуларот влијае врз целокупните јазични вештини. Поради комплексниот процес и аспекти на учење и поучување на вокабуларот на кој било странски јазик потребна е имплементација на систематски стратегии и методи како од страна на учениците, така и од страна на наставниците, нови,современи и збогатени методи кои ќе им помогнат на учениците полесно и долгорочно да го консолидираат потребниот вокабулар.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Nina Daskalovska |
Date Deposited: | 22 Jan 2016 09:48 |
Last Modified: | 22 Jan 2016 09:48 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14889 |
Actions (login required)
View Item |