Статистички приод кон очекуваното траење на животот и идентификациjа на фактори на влијание

Solevska, Nevena (2015) Статистички приод кон очекуваното траење на животот и идентификациjа на фактори на влијание. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Лектура конечен труд Невена.pdf]
Preview
Text
Лектура конечен труд Невена.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Основен мотив при изработка на трудот беше проучувањето на
факторите коишто влијаат врз поквалитетно и подолго живеење.
Во првиот дел од овој труд се проучува улогата на статистиката во
следење на демографските движења и промени во населението.
Ги проучивме развојните тенденции на очекуваното траење на животот
во Македонија, во соседните држави и во ЕУ со осврт на заразните и
незаразните болести. Во ера на рапидни промени и глобална економија,
заразните болести постепено им го отстапуваат местото на незаразните, т.е.
хроничните болести. Според своите карактеристики, тоа се постојани болести,
кои бараат долготрајно, понекогаш и доживотно лекување и стручен надзор,
истовремено и социјална рехабилитација, оставајќи често и трајни последици.
За таа цел извршивме нивно идентификување, анализирање,
прогнозирање и предлагање мерки, од една страна за минимизирање на
факторите на ризик, коишто се предизвикувачи на хроничните болести, а од
друга страна извршивме проучување на факторите коишто го подобруваат
квалитетот и должината на живеење.
За да се согледа и да се предвиди должината на живеење во Р
Македонија, во земји од соседството и во ЕУ, се користи праволинискиот тренд
преку метод на најмали квадрати.
На крајот врз основа на предходните испитувања на појавите се
донесени соодветни заклучоци за причините коишто предизвикале
намалување, елиминирање или редуцирање на незаразните болести, како
резултат на проучувањето на ризик-факторите за нивна појава и проучувањето
и примената на факторите коишто го подобруваат квалитетот и должината на
живеење.
Клучни зборови: незаразни болести, стапка на природен пораст, ризик-

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 21 Jan 2016 14:09
Last Modified: 21 Jan 2016 14:09
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14886

Actions (login required)

View Item View Item