Panovski, Tose (2015) Застапеност на деформитетите на стапалото кај деца во училишна возраст при ЈЗУ „Општа болница” - Струмица и нивна рехабилитација. Other thesis, Goce Delcev University Stip.
Text
specijalisticki trud - tose panovski..docx Download (529kB) |
Abstract
Бипедално исправено локомотроно движење е единствена дефинирана карактеристика на човековиот род. Стапалата во суштина, се основа за останатиот дел на телото и буквално се стожери кои ни овозможуваат да одиме ефикасно. Дали некогаш сте размислувале за важната улога на стапалата кои ја играат во вашиот секојденевен живот ? Јас сум сериозен. Нивната вистинска вредност! Стапалата ја допираат земјата кога стоиме, одиме или трчаме. Стапалата се многу повеќе од тоа. Тие се темел на нашето тело, што значи одржување на здравјето на стапалата може да ви помогне да го одржувате вашето здравје. Нашите стапала се под постојан стрес. Не е ни чудо што 80% од нас ќе имаат некој вид на проблем со стапалата во некој период од живот. Многу нешта влијаат на состојбата на нашите стапала: нивото на активност, занимање, други здравствени услови и можеби најважно, чевлите.
Современите цивилизациски придобивки од аспект на се понагласена автоматизација и урбаниот начин на живот и работа, полeка но сигурно како да се свртува против човекот. Во голема мерка животот е полесен, поудобен, но во исто време поедноличен и физички се понеактивен. За тој начин се нарушува природната рамнотежа на човекот, а со тоа му е загрозен и неговиот биолошки статус.
Преминот од четириножен на двоножен став значи намалена потпорна површина за околу 10 пати, подигнато тежиште за околу два пати и влошени услови за одржување на рамнотежа во лабилна положба за неколку пати. Како резултат на тоа и некои ендогени и егзогени фактори негативно се одразуваат како врз статусот на локомоторниот апарат, така и врз здравјето во целина. Разбирањето на нормалната функција на стапалата е фундаментален дел на оценувањето на дисфункцијата и ефективното лекување на пациентите. Меѓутоа разбирањето на основната структура е од суштинско значење.
Item Type: | Thesis (Other) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 21 Jan 2016 14:08 |
Last Modified: | 21 Jan 2016 14:08 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14883 |
Actions (login required)
View Item |