Анализа на димензионалната стабилност на еластомерни силиконски отпечаточни маси

Veresa Dimova, Galaba (2015) Анализа на димензионалната стабилност на еластомерни силиконски отпечаточни маси. Other thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of специјалистички труд.pdf]
Preview
Text
специјалистички труд.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Земањето на отпечаток е првата фаза во индиректното изработување на фикснопротетичката реставрација и изборот на отпечаточна маса која ги задоволува барањата за точно и прецизно отпечатување е од големо значење. Цел на ова истражување е да се измери и спореди димензионалната стабилност на адиционите и кондензационите еластомерни силиконски отпечаточни материјали во различен временски период и да се потенцира важноста за излевање на отпечатокот во рок од 30 минути до 2 часа после земањето на отпечатокот. За анализата на димензионалната стабилност се користеа најчесто употребуваните еластомерни силиконски отпечаточни материјали со кои се зема отпечаток за изработување на фикснопротетички реставрации-кондензационен силикон и адиционен силикон. Од фантомски модел со препарирани забни трупчиња, со стандардна лажица се зема по еден отпечаток од двата типа силиконски маси кои се излеваа со супер тврд, жолт гипс во различни временски периоди-веднаш после земањето на отпечатокот, после 4 часа, после 12 часа и после 48 часа. На добиените модели, се вршеше мерење во претходно одбележани места на препарираните забни трупчиња во буко-орален и мезио-дистален правец со помош на микрометарска завртка која има точност при мерење од 0,01 mm. Димензионалните промени помеѓу моделот и неговите репродукции настанаа како последица на димензионалната нестабилност на отпечаточниот материјал. Разликата беше поголема кај отпечатокот земен со кондензационен силикон (0.78%), отколку кај отпечатокот земен со адиционен силикон (0.30%).

Item Type: Thesis (Other)
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 21 Jan 2016 14:07
Last Modified: 21 Jan 2016 14:07
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14882

Actions (login required)

View Item View Item