Spaskova, Sanja and Belcev, Tole (2015) Нараторите и фокализаторите во романот „Смртта на дијакот“ од Драги Михајловски. Годишен зборник на Филолошки факултет ‒ Штип, 6 (1). pp. 151-159. ISSN 1857-7059
Preview |
Text
Sanja Spaskova i Tole Belcev trud vo Godisen zbornik 2015.pdf Download (2MB) | Preview |
Abstract
На почетокот од овој труд накратко се презентирани дефинициите на основните поими кои се употребени во трудот. Потоа е даден краток текст за тоа што претставува овој роман, каков роман е и што, всушност, се раскажува во него.
Основата на овој труд е разграничување на нараторите и фокализаторите во овој роман. Откако ги изнесуваме дефинициите за наратологијата, нараторите, фокализацијата и фокализаторите преминуваме на нивното пронаоѓање во самиот роман. При читањето на романот согледуваме дека во него имаме повеќе наратори кои раскажуваат од две гледни точки. Навидум раскажуваат монахот Равул и моќниот турски војсководец Тимурташ. Но, ова само ни се чини така, а вистината е сосема друга. При читањето на последното поглавје од романот откриваме дека ниту еден од двајцата наратори не се всушност наратори, туку сеприсутниот наратор е Велзевут, паднатиот ангел на земјата. Тоа е оној кој им ги зема душите на Равул и на Тимурташ, ги прави негови слуги и раководи, манипулира со нивните мисли. Тие, всушност, се само фокализатори, односно фокализатор 1 е Равул, а фокализатор 2 е Тимурташ затоа што преку нивните гледни точки се раскажуваат настаните.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Tole Belcev |
Date Deposited: | 21 Jan 2016 13:55 |
Last Modified: | 21 Jan 2016 13:55 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14874 |
Actions (login required)
View Item |