Македонски поеми и епови за најславниот македонски крал

Mladenoski, Ranko and Belcev, Tole (2015) Македонски поеми и епови за најславниот македонски крал. Годишен зборник на Филолошки факултет ‒ Штип, 6. pp. 119-129. ISSN 1857-7059

[thumbnail of Mladenoski i Belcev tekst za poemi za Aleksandar Godisen zbornik.pdf]
Preview
Text
Mladenoski i Belcev tekst za poemi za Aleksandar Godisen zbornik.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Овој труд претставува анализа и елаборација на поетските слики за Александар III Македонски што ги среќаваме во поемите и еповите од македонската книжевност. Овде зборуваме, имено, за следните пет македонски поеми: Во сенката на мечот (Александар Велики) од Петре Бакевски, Александар Македонски од Пандо Колевски, На безгласје глас од Атанас Вангелов, Александар од Иван Василевски и Карпа жива од Перица Сарџоски. Освен тоа, во текстот се осврнуваме и на четири македонски епови за Александар: Синот на Сонцето од Радован Павловски, Света песна од Анте Поповски, Александрида од Петар Башески и Еп на Александар Македонски од Радојка Трајанова.
Со интерпретацијата на овие пет поеми и четири епа се покажува дека во нив е забележлива симбиозата меѓу историските и митолошките атрибути на славниот античко-македонски крал. Од друга страна, како доминантни теми во поемите и еповите се јавуваат: воениот поход на македонската војска во Египет и во Азија, космополитизмот на Александар Македонски, неговата идеја за обединување на светот, интерференцијата на македонската култура со многубројни култури и народи како што се Пајонците, Хелените, Египќаните, Персијците, Евреите, Сумерците, Асирците, Илирите, Индијците, Римјаните, денешните Македонци итн. Во поемите и еповите воочлива е и христијанизацијата, но и исламизацијата на Александар Македонски, а често се зборува и за илузорноста на неговата идеја да го обедини светот. Во заклучокот од трудот се нагласува дека во македонските поеми и епови за македонскиот крал се гради една слика со којашто тој добива карактер на код низ кој се допираат бројни култури со што неговиот лик добива и една вонвременска и вонпросторна димензија.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 21 Jan 2016 12:20
Last Modified: 21 Jan 2016 12:20
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14868

Actions (login required)

View Item View Item