Финансиски пазари и институции

Fotov, Risto and Gogova Samonikov, Marija (2015) Финансиски пазари и институции. Универзитет „Гоце Делчев“ Штип, Штип. ISBN 978-608-244-253-2

[thumbnail of MGS.pdf]
Preview
Text
MGS.pdf

Download (566kB) | Preview

Abstract

Универзитетскиот учебник „Финансиски пазари и институции“ е книга која го опишува скелетот на финансиските системи. Материјалот е креиран врз основа на потребата од создавање на универзитетски учебник кој од теоретски аспект ќе им овозможи на студентите стекнување знаења потребни за положување на предметот „Финансиски пазари и институции“, кој го изучува финансискиот систем во целина, од аспект на структура и од аспект на функционирање. Овие знаења на студентите ќе им претставуваат основна појдовна точка во изучувањето на останатите предмети поврзани со областа финансии, од причина што ги анализира темелите на функционирањето на финансискиот систем, но и тековните надградувања на тој систем. Користењето на различните методи, техники и показатели за согледување на постојната финансиска структура со институции и инструменти, но и окружувањето на финансиските системи овозможува да се направи и увид во тоа како овие системи се развиваат, еволуираат и како ги применуваат новите методи и начини на работа предизвикани од општествениот развој. Значајно е изучувањето на оваа проблематика од страна на студентите од насоката Финансиски менаџмент, Банкарство финансии и осигурување, како и од Сметководство, финансии и ревизија, со оглед на фактот што знаењата добиени преку овој универзитетски учебник претставуваат моќно средство и основа која во текот на студирањето претставува скелет за проучување на останатите финансиски содржини. Мора да се надополни дека не само студентите, туку и сите останати стеикхолдери (вработени, државата, широка јавност) можат да ги користат податоците и заклучоците на овој учебник како основа за донесување на рационални одлуки во финансиските системи. Од оваа причина сметаме дека материјалот обработен во учебникот се одликува со голема теоретска и практична значајност, како за студентите, така и за сите останати субјекти кои имаат интерес во оваа проблематика.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Marija Gogova
Date Deposited: 20 Jan 2016 12:57
Last Modified: 20 Jan 2016 12:57
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14781

Actions (login required)

View Item View Item