Ivanova, Elena and Doneva, Nada (2015) Воведувањето на порота во казненото законодавство на РМ - последен чекор во заокружување на акузаторниот процесен систем. In: Second International Scientific Conference: Social change in the global world, 3-4 Sept 2015, Stip, Macedonia.
Preview |
Text
2 Конференција УГД - зборник на трудови - сектор право.pdf Download (11MB) | Preview |
Abstract
И покрај двегодишната имплементација на одредбите од Законот за
кривична постапка на РМ од 2010 година, кој, задирајќи во
основниот облик на казнената постапка, претстави новоконципира н
систем на казнено - процесно право, останува отворено прашањето
за потребата од воведување на порота во македонскиот правосуден
систем.Дали е можно остварување на поефикасна казнена правда и
правична и контрадикторна расправа во правосуден систем кој ги
пресликува искуствата на англосаксонските системи исе остварува
единствено како комбинација од нивните позитивни искуства со
одредени недостатоци во целосната слика на сложувалката?! Дали
воведувањето на порота како елемент кој недостасува во процесот
на заокружување на акузаторниот процесен систем, може да се
идентификува како суштински чекор кон унапредување на правата
на странките и јакнење на независноста на судот?!Низ елаборирање
на издвоените прашања, во трудот ќе ја прикажеме зрелоста на
условите и подготвеноста на процесните странки за остварување на
основните цели на реформата на казнено - процеснот о
законодавство, преку потребата од соодветни дополнувања и
измени во насока на целосно конципирање на правосудниот систем,
нивелирање на арбитрерноста на судот и јакнење на правната
сигурност и довербата на граѓаните во правниот систем на државата.
Истражувајќи со помош на социолошкиот, компаративниот и case
study методот, ќе заклучиме дали иницијативите за воведување на
порота во македонскиот казнено - правен систем, чии одлуки за
вината на обвинетиот ќе бидат мериторни во однос на примената на
правото од страна на судијата, се преамбициозни или се во сооднос
со примената на процесните институти (вкрстено испрашување) кои
ги воведе новиот ЗКП, а со цел целосна конструкција на главната
расправа, односно казнената постапка воопшто.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Law |
Divisions: | Faculty of Law |
Depositing User: | Elena Maksimova |
Date Deposited: | 20 Jan 2016 12:35 |
Last Modified: | 20 Jan 2016 12:35 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14774 |
Actions (login required)
View Item |