Оправданоста на англосаксонскиот концепт на обврзност на понудата во меѓународната продажба на стока

Tusevska, Borka (2015) Оправданоста на англосаксонскиот концепт на обврзност на понудата во меѓународната продажба на стока. Годишник на правниот факултет „Јустинијан Први” во Скопје, 52. pp. 467-483. ISSN 0583-5062

[thumbnail of Оправданоста на англосаксонскиот концепт на обврзност на понудата во меѓународната продажба на стока.pdf]
Preview
Text
Оправданоста на англосаксонскиот концепт на обврзност на понудата во меѓународната продажба на стока.pdf

Download (10MB) | Preview
[thumbnail of ПДФ ОПРАВДАНОСТА НА АНГЛОСАКСОНСКИОТ КОНЦЕПТ НА ОБВРЗНОСТ НА ПОНУДААТ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ПРОДАЖБА НА СТОКИ.pdf]
Preview
Text
ПДФ ОПРАВДАНОСТА НА АНГЛОСАКСОНСКИОТ КОНЦЕПТ НА ОБВРЗНОСТ НА ПОНУДААТ ВО МЕЃУНАРОДНАТА ПРОДАЖБА НА СТОКИ.pdf

Download (402kB) | Preview

Abstract

Понудата и нејзиниот не/обрзувачки карактер претставуваат суштествено битни прашања во проблематиката на настанување на договорите. Во денешните/современи услови на трговско работење секојдневно настануваат бројни и масовни трансакци помеѓу трговските друштва ширум светот. Под влијание на глобализацијата, експанзијата на информатичката технологија, зголемувањето на потребите на стопанството за брз и масовен промет, прашањето за понудата и нејзината обврзност во поглед на содржината на понудата се повеќе добива на значење. Ова од причина што бројни се судските и арбитражни постапки во кои предмет на спорот е докажувањето дали е склучен договорот (дали ги обврзува договорните страни), или станува збор за некој од иницијалните акти за склучување на договорот кој што може да се квалификува како преддоговор, меморандум за соработка, преговорарачки процес, повик да се направи понуда итн.
На ова прашање сме работеле и порано, меѓутоа водејќи се од значењето на проблематика, промените наметнати од практиката, и бројните спорови, се навраќаме со цел да ги утврдиме предностите и слабостите на англосаксонскиот модел на понуда и нејзината обрзност, и да го разграничиме прашањето за формата на понудата и полноважноста на договорите и моментот на настанување на обврската на понудувачот vis-à-vis понудениот.
Сите овие прашања ќе ги анализираме и во контекст на склучувањето на договорите преку новите електронски средстава за комуникација, од каде произлегуваат најбројните спорови во практиката.

Клучни зборови: обврзност, понуда, прифаќање, теорија на поштенско сандаче/mail box theory, теорија на прием на понудата

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 22 Jan 2016 09:47
Last Modified: 22 Jan 2016 09:47
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14762

Actions (login required)

View Item View Item