Влијанието на финансиските институции врз економскиот раст и финансиската стабилност

Davcev, Ljupco and Nikolovska Vrateovska, Dance (2015) Влијанието на финансиските институции врз економскиот раст и финансиската стабилност. Yearbook, Faculty of Economics, Goce Delcev University - Stip, VII (1). pp. 57-67. ISSN 1857- 7628

[thumbnail of Zbornik_ekonomski_2015.pdf]
Preview
Text
Zbornik_ekonomski_2015.pdf

Download (10MB) | Preview

Abstract

Успешноста од ефикасното функционирање на финансиските институции во рамки на финансискиот систем, влијае врз животниот стандард и благосостојбата на секој поединец во општеството. Финансиските институции се тие што ги колективираат заштедите кај луѓето и ги алоцираат кај економските агенти кои имаат профитабилни инвестициони можности, при тоа зголемувајќи го производниот капацитет на економијата. Финансиските институции исто така овозможуваат економските агенти да ја одложат својата тековна потрошувачка во идна (стимулирајќи ги нивните заштеди), а од друга страна и истовремено, дозволуваат потрошувачите да трошат над нивото на нивниот расположлив доход (преку кредитните пласмани). Ефикасното функционирање на финансискиот систем и финансиските институции и нивното ефектуирање на економии од обем како и на пониски оперативни (информациони и трансакциони) трошоци на финансискиот пазар, обезбедува забрзан економски раст. И спротивно, неправилното функционирање на финансиските институции и финансиксиот систем, повлекува недоволна мобилизација на финансиски средства, пад на потрошувачката, пад на производството, недоволна искористеност на расположливите ресурси, пад на вработеноста и намален животен стандард.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Ljupco Davcev
Date Deposited: 31 Dec 2015 09:39
Last Modified: 31 Dec 2015 09:39
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14741

Actions (login required)

View Item View Item