Правниот режим на одговорноста на државата на знамето во меѓународното транспортно право

Tusevska, Borka (2015) Правниот режим на одговорноста на државата на знамето во меѓународното транспортно право. In: Општествените промени во глобалниот свет Правен факултет Штип 2015, 03-05 Sept 2015, Stip, Macedonia.

[thumbnail of ПРАВНИОТ РЕЖИМ НА ОДГОВОРНОСТА НА ДРЖАВАТА НА ЗНАМЕТО ВО МЕЃУНАРОДНОТО ТРАНСПОРТНО ПРАВО.docx] Text
ПРАВНИОТ РЕЖИМ НА ОДГОВОРНОСТА НА ДРЖАВАТА НА ЗНАМЕТО ВО МЕЃУНАРОДНОТО ТРАНСПОРТНО ПРАВО.docx

Download (179kB)
[thumbnail of Binder1.pdf]
Preview
Text
Binder1.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Концептот „држава на знамето“ во меѓународното право претставува добро позната практика на регистрирање на компаниите, надвор од државата во која што е седиштето на сопственикот на компанијата. Имплементирањето на концептот „држава на знамето“ е условено од постоењето на концептот на „отворени регистри,“ што подразбира регистрација на компаниите надвор од границите на државата во која што се наоѓа седиштето на сопствениците на компаниите.
Воспоставувањето на концептот „држава на знамето“ во меѓународното право и практика, предизвика контроверзии и критики коишто се однесуваат на оправданоста, предностите и слабостите на овој концепт. Концептот на „држава на знамето,“ предизвика контроверзии и дилеми особено во полето на поморската индустрија и право. Имено, со употребата на овој концепт на регистрација на бродовите во „отворени регистри“ во која било држава, на бродските компании им беше овозможено да користат одредени фискални предности (полиберални даночни рестрикции), намалување на работните и условите за живот на бродовите, избегнување на административните бариери за основање и оперирање во меѓународните води итн. Независно од ова, за бизнис секторот концептот на „државно знаме“ исто така беше перцепирано како закана за здрава и фер конкуренција во транспортната индустрија, и можност за избегнување на поригорозните режими на националните правни системи, од страна на вистинскиот сопственик на бродската компанија.
Анализирајќи ги овие интересни прашања кои се наметнуваат од примената на концептот на „држава на знамето,“ се наметна и целта на трудот и тоа да се согледаат предностите и слабостите на концептот на „државата на знаемто,“ во контекст на поморското право, и неговото влијание врз комерцијалните трансакции. Во контекст на одржливите трендови во транспортната индустрија, во трудот ќе се анализраат прашањата за влијанието на концептот на „државата на знамето“ врз поморската средина, и пристанишната контрола врз субстандардните бродови на отворено море.

Клучни зборови: држаавата на знамето, знамето на подобност, пристанишна контрола, одговорност, отворени регистри, одржливост.

Item Type: Conference or Workshop Item (Paper)
Subjects: Social Sciences > Law
Divisions: Faculty of Law
Depositing User: Borka Tusevska
Date Deposited: 28 Dec 2015 14:30
Last Modified: 28 Dec 2015 14:30
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14731

Actions (login required)

View Item View Item