Mileva, Aleksandra and Stojanov, Done (2014) Мултимедија. Универзитет ,,Гоце Делчев" - Штип. ISBN 978-608-244-134-4
Full text not available from this repository.Abstract
Една информација може да се испорача на крајниот корисник во форма на текст, слики, веб-страница, презентација со слајдови, анимација, видео, звук, или нивна комбинација. Интеграцијата на овие медиумски елементи е сосема природна за човекот, бидејќи човекот има повеќе сетила и со нив одеднаш го перципира светот околу себе. Мултимедијалните технологии имаат за цел да ја имитираат комуникацијата на човекот со светот. Мултимедијата ја буди креативноста кај луѓето. Не само што ги прави традиционалните задачи на нов начин, туку креира и новитети во бизнисот,комуникацијата, едукацијата и забавата.
Терминот медиум означува меморија, канал за пренос или алатка што се користи за складирање или испорака на информации или податоци. Името доаѓа од латинскиот збор medius што значи среден. Се разликуваат статички медиумски елементи, како текст и графика, кои не се менуваат со тек на време; и временски базирани медиумски
елементи, како видео, анимација и аудио, кои се менуваат со тек на време. Секој медиумски елемент има свои сопствени карактеристики, кои создаваат различни предности и недостатоци. Медиумските елементи може да се комбинираат во мултимедија.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Natural sciences > Computer and information sciences |
Divisions: | Faculty of Computer Science |
Depositing User: | Done Stojanov |
Date Deposited: | 28 Dec 2015 13:59 |
Last Modified: | 28 Dec 2015 13:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14730 |
Actions (login required)
View Item |