Leontik, Marija (2015) Книгата за деца-модул за дијалог меѓу културите. Огледало (227). pp. 3-6. ISSN 0351-2126
Preview |
Text
2015-М.Л.-Огледало-227.pdf Download (802kB) | Preview |
Abstract
Апстракт: Мултикултуризмот сѐ уште различно се дефинира и се применува. Сметаме дека мултикултуризмот треба да создаде услови и атмосфера во кои ќе се применуваат практики на култура на себе и на другите, односно во својата и во другите културни групи, а тоа ќе доведе до рушење на културните бариери. Мултикултуризмот е новото разбирање за културата според кое сме должни да започнеме со реформирање на сопствената мултикултурна практика. Јас како наставник по турски јазик реформирањето на својата мултикултурна практика го започнав со подготвување и објавување двојазични детски книги (турско-македонски) во Македонија. Овој напор трае повеќе од десет години бидејќи издавачките куќи обично не практикуваат двојазични изданија. Како резултат на овој напор постојат неколку турско -македонски книги кои се наменети за најмалите и најмилите. Малите преку светот на приказните, песните и сликите ќе почнат да ја градат свеста за мултикултуризмот, а охрабрени од своите наставници и околината ќе можат да ја применуваат и во секојдневниот живот. Клучни зборови: меѓукултурен дијалог, мултикултурна практика, двојазични детски книги.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Philology |
Depositing User: | Marija Leontik |
Date Deposited: | 28 Dec 2015 13:53 |
Last Modified: | 28 Dec 2015 13:53 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14724 |
Actions (login required)
View Item |