Velickova, Nevenka and Milev, Misko and Petrova, Biljana and Gorgieva, Pale and Nedeljkovik, Bojana (2015) Цитогенетска евалуација на дејството на јонизирачките зраци кај професионално изложени здравствени работници. In: 15 Семинар за Квалитет, контрола, информатика и заштита во медицинска лабораториска дијагностика, со меѓунардно учество, 18-21 June 2015, Ohrid, Macedonia.
Preview |
Text
programa.pdf Download (403kB) | Preview |
Preview |
Text
ЦИТОГЕНЕТСКА ЕВАЛУАЦИЈА НА ДЕЈСТВОТО НА ЈОНИЗИРАЧКИТЕ ЗРАЦИ.pdf Download (759kB) | Preview |
Abstract
Микронуклеусниот тест како стандардизирана цитогенетска метода и важен биомаркер во детекцијата на влијанието на јонизирачките зраци врз целокупниот генетски материјал кај професионално изложени здравствени работници. Појавата на микронуклеуси е важен квантитативен биомаркер со кој се докажува постоењето на структурни хромозомски аберации кои се резултат на различни генотоксични агенси во in vitro или in vivo услови.
Цели на трудот: Да се изврши цитогенетска евалуација со квантификација и квалификација на микронуклеуси во бинуклеарни лимфоцити со примена на микронуклеусниот тест.
Материјал и методи: Во истражувањето се опфатени здравствени работници кои директно и секојдневно се изложени на јонизирачки зраци како физички агенси.
Резултати: Резулататите покажуваат појава на зголемен број на микронуклеуси но и други цитолошки промени како што се појава на цитоплазматични мостови и нуклеарни пупки кои укажуваат на генотоксичното дејство на овие физички агенси.
Заклучок: Цитогентската евалуација и примената на микронуклеусниот тест укажува на генотоксичното дејство на јонизирачките зраци, можни штетувања во молекулата на ДНК и дополнителни реаражамани на генетскиот материјал во клетката. Од тој аспект истиот упатува на постојан скрининг и понатамошна превенција.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Basic medicine |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Nevenka Velickova |
Date Deposited: | 22 Jan 2016 10:04 |
Last Modified: | 22 Jan 2016 10:04 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14694 |
Actions (login required)
View Item |