Гео – електрично сондирање врз основа на податоци добиени при геолошки и гео – механички испитувања

Slavkovski, Goran (2015) Гео – електрично сондирање врз основа на податоци добиени при геолошки и гео – механички испитувања. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_GORAN SLAVKOVSKI-NASLOV - MAGISTERSKI TRUD cel.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_GORAN SLAVKOVSKI-NASLOV - MAGISTERSKI TRUD cel.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Примената на гео – електричните испитувања има големо значење за подетално моделирање на геолошки позната средина. Гео – електричните испитувања се базираат на регистрирање на промените врз определено електрично поле без разлика на неговата природа (природно или индуцирано), преку кои се определуваат спроводните својства на геолошките средини кои се поврзани со гео – механичките параметри. Определувањето на најадекватната и најсоодветната гео – електрична метода најмногу зависи од наслоеноста на земјиштето, гео – механичките карактеристики, како и целта на испитувањата. Поради хоризонталната наслоеност на геолошките средини во испитуваната средина како и прифатливите податоци за реалниот специфичен електричен отпор на геолошките средини во овој научен труд ќе биде обработено изработувањето и интерпретацијата на гео – електрични модели изработени со метода на гео – електричното сондирање. Сондирањето е изведено со Шлумбергеров распоред на мерниот диспозитив кој се состои од две струјни и две потенцијални електроди во мерен распоред во кој растојанието меѓу струјните електроди е многу поголемо од растојанието меѓу потенцијалните електроди. За секое ново мерење струјните електроди сукцесивно се оддалечуваат со што се зголемува длабочината на моделирање на испитуваната средина. Истражниот простор е составен од 5 истражни дупнатини и е со вкупна должина од 240m. Гео – електричното моделирање е изведено до максимална длабочина од 30m и е претставено преку модели на реален електричен отпор и модели на привиден електричен отпор. Моделите на реален електричен отпор се изработуваат преку гео – механичките карактеристики на геолошките средини, додека пак моделите на привиден електричен отпор се синтетички и се изработени во комбинација од податоците за гео – механичките карактеристики како и податоците од геолошките испитувања.
1
Гео – електрично сондирање врз основа на податоци добиени при геолошки и гео –
механички испитувања
Последна фаза во научниот труд претставува интерпретацијата на гео – електричните модели на привиден електричен отпор преку која се дефинираат различните геолошки средини нивните реални електрични отпори, како и длабочините до граничните површини кои одделуваат две средини со различни геолошки карактеристики.
Клучни зборови: електрично поле, струјни електроди, потенцијални електроди, реален специфичен електричен отпор, привиден електричен отпор, гео – електрични испитувања, гео – електрични модели, геолошки средини, гео – механички карактеристики

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 22 Dec 2015 13:51
Last Modified: 22 Dec 2015 13:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14683

Actions (login required)

View Item View Item