Инженерско – геолошка класификација на карпестите комплекси на Скопската Котлина со околината

Tosevski, Roberto (2015) Инженерско – геолошка класификација на карпестите комплекси на Скопската Котлина со околината. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of __tsclient_D_Роберто Тошевски  магистратура.pdf]
Preview
Text
__tsclient_D_Роберто Тошевски магистратура.pdf

Download (4MB) | Preview

Abstract

Краток извадок
Моделите на природните геолошки средини ги рефлектираат најважните карактеристики кои се релевантни за специфични аспекти на обработената проблематика. Во магистерскиот труд е претставена синтеза на резултатите од деталните теренски геолошки истражувања, лабораториски анализи како и комплексни геофизички испитувањата како и апликација на математичко статичките методи.
За да се стигне до фазата на моделирање на природната геолошка средина т.е. пред да се продуцираат инженерско – геолошките процеси и модели, неопходни се да се определат геолошките и инженерско – геолошките карактеристики на истражниот простор.
Моделите на природната геолошка средина се претставени во вид на инженерско – геолошки пресеци (ИГП) и инженерско – геолошки модели (ИГМ). Инженерско – геолошките пресеци на карпестите маси се изработени според различни истражни параметри.
Изработените инженерско – геолошки модели во суштина претставуваат повеќе параметарска презентација на состојбата на карпестиот масив. Инженерско – геолошките модели јасно ги претставуваат најбитните карактеристики на природната геолошка средина кои се релевантни за специфични аспекти на истражуваната проблематика.
Додатен аспект на истражувањата обработени во магистерскиот труд претставува корелацијата помеѓу сеизмичките и геомеханичките карактеристики на медиумот. Посебно внимание е посветен на анализата на карбонатните карпести комплекси. Сеизмичките истражувања се изработени на специфични локации кои ги определуваат брзините на простирање на Vp и Vs еластичните бранови. На истите локации се изработени геомеханички и инженерско – геолошки истражувања. Во магистерскиот труд е претставена зависноста помеѓу брзините на
6
простирање на Vp и Vs брановите и геомеханичките параметри на медиумот: Е - Јунгов модул на еластичност, G – модул на смолкнување и ν – поасоновиот коефициент.
Изработена е квалитативна проценка на степенот на зависност помеѓу брзините на простирање Vp и Vs, како и RQD, RMR и Q параметрите на карбонатните масиви, како и φ – аголот на внатрешно триење и кохезијата на материјалот – с.
Клучни зборови: инженерско геолошки пресеци (ИГП), инженерско геолошки модели (ИГМ), литологија, физичко – механички параметри, распуканост, сеизмички брзини, геомеханички параметри

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Engineering and Technology > Other engineering and technologies
Divisions: Faculty of Natural and Technical Sciences
Depositing User: Marjan Markov
Date Deposited: 22 Dec 2015 13:39
Last Modified: 22 Dec 2015 13:39
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14681

Actions (login required)

View Item View Item