Лидерот како основен фактор за извршување на стратегијата на претпријатието

Makarenkova, Tatjana (2015) Лидерот како основен фактор за извршување на стратегијата на претпријатието. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Татјана Макаренкова Завршена  магистерска лекторирана pdf.pdf]
Preview
Text
Татјана Макаренкова Завршена магистерска лекторирана pdf.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Лидерството е значајна карактеристика на современиот менаџер кој се труди да ги исполни стратегиските цели на претпријатието и да обезбеди конкурентска предност. Но треба да се истакне дека секој менаџер не може да биде лидер, посебно не таков лидер кој ќе може да влијае во извршувањето на стратегиските цели на претпријатието. Лидерот во вистинска смисла на зборот мора да е личност која може да влијае врз извршувањето на активностите на подредените-вработените, притоа да не мора да користи авторитетска моќ или каква било друга моќ што му ја дава организациската позиција за да се исполнат неговите визии и стратегиски цели.
При споредбата на менаџерот со лидерот може да се констатира дека менаџерот тежнее кон ефикасност во работата, а додека лидерот пак тежнее кон ефективноста во работењето на самото претпријатие. Сепак треба да се нагласи дека успешните менаџери не се само ефикасни туку се и ефективни, исто како што и добрите лидери покрај нагласената ефективност се и ефикасни во работењето.
При утврдување на значењето на лидерот и исполнување на стратегиските цели на претпријатието потребно е да се обрне посебно внимание на карактеристиките и стиловите на лидерството, исто така треба да се обрне внимание и на улогата на лидерот во стратегискиот менаџмент.
Клучни зборови: лидерство, лидер, стратегиски менаџмент, визија, стратегиски цели,извршување на цели и промени во претпријатието

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 22 Dec 2015 13:36
Last Modified: 22 Dec 2015 13:36
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14677

Actions (login required)

View Item View Item