Современ лексикон за менаџери и економисти во бизнис логистика

Taskov, Nako and Belcev, Tole and Mitreva, Elizabeta (2015) Современ лексикон за менаџери и економисти во бизнис логистика. Универзитет „Гоце Делчев”, Штип, Македонија. ISBN 978-608-244-237-2

[thumbnail of __ugd.edu.mk_private_UserFiles_elizabeta.mitreva_Desktop_Leksikon za menageri i ekonomisti.pdf]
Preview
Text
__ugd.edu.mk_private_UserFiles_elizabeta.mitreva_Desktop_Leksikon za menageri i ekonomisti.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Пред Вас се наоѓа речник на термини од областа на менаџментот и економијата во бизнис логистиката. Речникот преставува незаменливо помагало за студентите, економистите,
деловни луѓе и нивните советници како адвокати, банкари, менаџери, осигурители, брокери,правници, сметководители итн.
Главниот мотив за создавање на Речникот на термини: Современ лексикон за менаџери и економисти во бизнис логистика , составен од четири одделни, но и комплементарни делови, беше на едно место, во логична целина да се соберат термините кои најчесто се употребуваат при деловното работење на европскиот и глобалниот пазар. Да се
биде конкурентен на пазарот е битно да се знае јазикот на комуникација во деловниот свет. Секој термин во речникот е проследен со концизно објаснување, што точно подразбира тој во определен контекст, со англиски и македонски еквиваленти. Поголемиот дел од термините употребени во Речникот на термини претставуваат нова појава во македонскиот јазик за кој требаше да се направи своевиден компромис помеѓу постојните јазични правила и доловување
на вистинската смисла на термините. Со преку 5000 реченични единици направен е сеопфатен третман на главните полиња
на деловното работење како маркетингот, менаџментот, економијата, оданочувањето, банкарството, берзата, инвестициите, правото, продажбата, сметководството, транспортот, трговијата, финансиите и сите монетарни единици во светот. Термини од актуелни области
како електронско тргување, информатичка технологија, администрацијата, дипломатијата и политиката. Неопходен вокабулар за работење и тргување преку Интернет. Меѓународни
институции и институции на Европска унија.
Термините во речникот се дадени прегледно по азбучен ред со јасно и концизно толкување на македонски јазик. Речник на термини од областа на менаџментот и економијата во бизнис логистика досега не е објавен на македонски јазик на Универзитетот „Гоце Делчев“, Штип. Токму затоа, се надеваме дека објавувањето на овој речник ќе претставува голем
придонес не само за поуспешна реализација на наставата и усвојување на наставната материја, туку овој речник ќе им биде од полза и на сите оние на кој им е потребен во
деловното работење. Се надеваме дека речникот ќе ја оствари улогата којашто му е наменета. Авторите ќе ги почитуваат сите забелешки во однос на евентуалните пропусти и
недостатоци.

Item Type: Book
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Elizabeta Mitreva
Date Deposited: 21 Dec 2015 14:32
Last Modified: 21 Dec 2015 14:32
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14646

Actions (login required)

View Item View Item