Фибринолиза и орална хирургија – научна монографија

Dimova, Cena (2015) Фибринолиза и орална хирургија – научна монографија. Other. Универзитет „Гоце Делчев", Штип.

Full text not available from this repository. (Request a copy)

Abstract

Идејата за да се оформи првото издание на монографијата, како израз на стручен и научен приказ на една сублимирана тема - фибринолитиачката активност на крвта при оралнохируршките интервенции беше најпрво потикната и произлезе од следниве, по мене две суштински причини.
Првата, постои недостиг на домашна стручна литература од областа на хемостазата и оралнохируршките интервенции во наштите простори.
Втората, за мене особено важна, е намерата да се приближат научните сознанија, дел од резултатите и апликативните исходи произлезени од мојата научноистражувачката работа во изминатиот период: магистерскиот труд, јавно одбранет 2002 година, и научноистражувачки проект со наслов “Фибринолитичка активност на крвта при оралнохируршки интервенции “(2000- 2003 - национален проект, - 40230800/0) под покровителство на Министерството за образование и наука, јавно одбранет во 2004 година во кој учествував како млад истражувач.
Комплексноста на системите за хемостаза и фибринолиза неможно е да се разгледуваат одвоено и селективно. Нивното активирање, односно инхибирање при оралнохируршките интервенции, честопати престставуваат еден од многуте аспекти кои ја детерминираат и диктираат клиничкта слика на пост оралнохируршкиот период, како и конечниот исход на интервенциите.
Ова второ преработено издание на монографијата е намената за студентите на додипломским, постдипломски и докторските студии на Факултетот за медицински науки при Универзитетот “Гоце Делчев” во Штип, колегите специјалисти и специјализанти по орална и максилофацијална хирургија и сите оние кои имаат желба и интересирање за научноистражувачка работа од областа на оралната хирургија.
Неизмерна благодарност чувствувам кон моите учители и рецензетите на првото издание на монографијата: проф. д-р. Јордан Јанев, ментор на мојот магистерскиот труд и докторската дисертација, и проф. д-р. Стојанка Костовска, која направи да ја разбирам и да ја засакам хемостазата. Особена почит и благодарност чувствувам до рецензентите на второто издание на монографијата, проф. д-р. Јордан Јанев, проф. д-р Ана Миновска и проф д-р Милка Здравковска, длабоко и искрено им се заблагодарувам за насоките, моралната подршката и за перманентниот потик да истраам до конечното обликување на овој труд.

Item Type: Monograph (Other)
Additional Information: Димова Цена (2002). Клиничка евалуација на фибринолитичката активност на крвта при орално - хируршки интервенции. Магистерски труд, Стоматолошки факултет, Скопје:120.
Subjects: Medical and Health Sciences > Basic medicine
Medical and Health Sciences > Clinical medicine
Medical and Health Sciences > Health sciences
Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Cena Dimova
Date Deposited: 21 Dec 2015 10:28
Last Modified: 21 Dec 2015 10:28
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14616

Actions (login required)

View Item View Item