Nikolovska, Violeta (2015) Јазичната култура - сегмент од јазичното образование. In: International Scientific Conference "Education in XXI century - conditions and perspectives", 24-25 Sept 2015, Stip, Macedonia. (In Press)
Preview |
Text
programa po sesii.pdf Download (308kB) | Preview |
Preview |
Text
V.N. 2.pdf Download (482kB) | Preview |
Abstract
Во трудот ќе стане збор за образованието по предметот мајчин јазик на сите степени: основно, средно и високо образование. Ќе се осврнеме на содржините што се изучуваат во рамките на овој предмет и на тоа како можеме тие содржини да ги групираме според научната класификација по научни полиња, подрачја и области. Ќе се задржиме посебно на научното подрачје јазик. Содржините што се изучуваат во ова подрачје се содржини првенствено од областа на граматиката (фонетика и фонологија, морфологија, морфосинтакса и синтакса) на мајчиниот јазик. Ќе укажеме на важноста што во јазичното образование ја имаат содржините од предметното подрачје изразување и творење. Овие содржини, како и некои од содржините што се изучуваат во предметното подрачје јазик, битно влијаат врз оформувањето на јазичната култура на учениците и на студентите. Ќе укажеме на тоа дека она што учениците и студентите треба да го стекнат на часовите по предметот мајчин јазик, не е само извесен степен на лингвистичка наобразба од областа на граматиката, туку и јазична култура. Стекнувањето на јазична култура треба да стане важен сегмент во јазичното образование на учениците и на студентите со оглед на тоа што ќе го издигне степенот на нивната општа култура и ќе претставува важна одлика на нив како идни интелектуалци. Во трудот ќе се осврнеме и на тоа кои содржини треба да ги опфати наставата по мајчин јазик, а кои се во врска со стекнувањето на јазичната култура.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Lecture) |
---|---|
Subjects: | Humanities > Languages and literature |
Divisions: | Faculty of Educational Science |
Depositing User: | Violeta Nikolovska |
Date Deposited: | 21 Dec 2015 08:59 |
Last Modified: | 21 Dec 2015 08:59 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14603 |
Actions (login required)
View Item |