Надежност на повеќе - состојбени транспортни системи и оптимално подобрување на нивните перформанси

Stojkovic, Natasa (2015) Надежност на повеќе - состојбени транспортни системи и оптимално подобрување на нивните перформанси. PhD thesis, Универзитет Св. „Кирил и Методиј“.

[thumbnail of Doktorska_NatashaStojkovikj.pdf]
Preview
Text
Doktorska_NatashaStojkovikj.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Цел на проучување на докторската дисертација се двотерминалните повеќе –состојбени транспортни системи, поточно наоѓање на методи и техники за пресметување на нивната надежност. Во докторската дисертација се предложeни нови алгоритами за наоѓање на минимални пат вектори за двотерминални повеќе–состојбени транспортни системи. При разгледување на познатите алгоритами во литературата и нивно анализирање дојдeнo e до заклучок дека графот што е индуциран од минимален пат вектор е ацикличен, од каде произлезе и главната идеја за развој на новите алгоритами.
Во воведниот дел се дадени основните концепти на надежноста, дефиницијата на надежност и дефиницијата на други поими кои се користат при анализа на надежност. Исто така се дадени и основните концепти на надежност на бинарен систем и на систем со повеќе состојби. Дефиницијата на структурната функција за бинарни и повеќе – состојбени системи, како и дефинициите за минимални пат вектори и минимални пресек вектори. Во втората глава, даден е преглед на познатите техники за пресметување на надежност на двотерминалните бинарни транспортни системи. Во продолжение се предложени два пристапи за наоѓање на минимални пресек множества на двотерминален бинарен ненасочен транспортен систем. Во третата глава е дефинирана повеќе – состојбената двотерминална надежност и се разгледуваат проточните транспортни системи. На крајот на оваа глава е даден краток преглед на трудовите кои се наменети за пресметување на надежност на двотерминални повеќе – состојбени транспортни системи. Во четвртата глава е предложена теорија што ја поврзува теоријата на повеќе – состојбена надежност со теоријата на проток во двотерминални транспортни системи. Во оваа глава се анализирани својствата на минималните пат вектори, и е покажана врската помеѓу минималните пат вектори за ниво d и протокот за ниво d за двотерминален проточен транспортен систем. Во петтата глава се предложени алгоритми за наоѓање на минималните пат вектори за ниво d и за насочени и за ненасочени транспортни системи. Сите алгоритми што се предложени се базираат на фактот дека графот што е индуциран од минималниот пат вектор е ацикличен.

Item Type: Thesis (PhD)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Natural sciences > Matematics
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Natasa Stojkovik
Date Deposited: 18 Dec 2015 10:19
Last Modified: 18 Dec 2015 10:19
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14568

Actions (login required)

View Item View Item