Gruevski, Ilija and Gaber, Stevan (2015) Природата и ефектите на даночната инциденца (со посебна анализа на некои одбрани земји). Годишен зборник, Економски факултет, 9. pp. 27-48. ISSN 1857-7628
Preview |
Text
Zbornik_ekonomski 2015g.pdf Download (9MB) | Preview |
Abstract
Во светот на економијата, економските промени не предизвикуваат само поединечни ефекти туку цела серија ефекти. Притоа, само првичниот примарен ефект е очигледен затоа што се манифестира симултано заедно со неговата причина. Задачата на економистите не е само да ги набљудуваат видливите првични ефекти, туку и да ги предвидат
секундарните. Даночната инциденца претставува појава која се состои од одредени секундарни ефекти предизвикани од однесувањето, односно реакцијата на економските субјекти на плаќањето на даноци. Затоа, целта на овој труд е да се опишат, идентификуваат и објаснат дистрибутивните
ефекти на даночната инциденца, како и факторите од кои тие зависат. Проучувањето на овој феномен се иницира повторно како резултат на потребата за постигнување на поголема транспарентност на даночниот товар во рамки на современите даночни системи. Во таа насока, во продолжение е направен и увид на состојбата со даночната инциденца во некои одбрани земји од групата на ОЕЦД, преку анализа на коефициентот на даночното премостување на сегментите на пазарот на труд и на пазарот на капитал.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Stevan Gaber |
Date Deposited: | 16 Dec 2015 11:43 |
Last Modified: | 16 Dec 2015 11:43 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14553 |
Actions (login required)
View Item |