Lazarov, Darko and Kocovski, Mitko (2015) Економска анализа на директните ефекти на индустријата за основни метали во македонската економија. Годишен зборник 2015, Економски факултет, 9. pp. 63-86. ISSN 1857-76-28
Preview |
Text
Zbornik_ekonomski d.pdf Download (9MB) | Preview |
Abstract
Научната и стручната јавност сѐ понагласено го истакнуваат фактот
дека развојната динамика на секоја национална економија во голема
мера почива на воспоставувањето на поефикасен индустриски систем во
вкупните општествени репродукциски текови (оттаму и силно нагласените
настојувања за реиндустријализација на светската економија), со оглед
на фактот што техничкиот прогрес со најголеми економски ефекти
се материјализира токму во рамките на индустријата. Во тој контекст,
идентификувањето и квантифицирањето на улогата и важноста на
секоја индустрија за националната економија е од исклучителна важност
во процесот на дизајнирање на индустриските политики на земјата.
Основна фундаментална цел на овој труд е квантитативна и научно
базирана проценка на индустријата за основни метали и нејзината улога
и важност за македонската економија преку примена на економска
импакт медологија базирана на инпут – аутпут модел и пристапот на
проучување на економските индикатори и финансиски показатели за
перформансите на индустријата. Таквата економска проценка и анализа
подразбира проучување на директните ефекти (придонес во креирањето
на БДП, извозот, вработеноста, даноците и корпоративно - општествената
одговорност) и мултипликативните ефекти (индиректни преку синџирот
на добавувачи и индуцирани преку ефектот на потрошувачка) што
индустријата ги генерира во спроведување на репродукциските процеси
во рамките на националната економијата.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Darko Lazarov |
Date Deposited: | 15 Dec 2015 11:22 |
Last Modified: | 15 Dec 2015 11:22 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14542 |
Actions (login required)
View Item |