Temjanovski, Riste (2006) Економски системи и економски политики. Европски универзитет - Република Македонија, Скопје. ISBN 9989-184-27-5
Preview |
Text
Ekonomski sistemi kniga.pdf Download (181kB) | Preview |
Abstract
Основна цел на книгата Економски системи и економски политики е да даде основа за разбирање и совладување на теоретските и практичните познавања од областа на економските системи и политики, да ги оспособи студентите за спознавање, разликување и критичка анализа за промените на економски системи и нивна функционална поставеност и динамичност во остварувањето на економскиот развој. Во содржината се опфатени определени теоретски и методолошки знаења и искуства кои се неопходни за согледување на основните карактеристики во развојот на економскиот систем кај нас и во светот.
Сепак, најзначајно место во анализата е отстапено на новите промени и содржини на економските системи во одделни држави и временски периоди, но не заобиколувајќи го и економскиот систем во национални рамки. Нашиот систем и метод на модернизација на економијата мора да се темели на реалните основи на односите “делови” и “целина” во согласност со научните сознанија, сo што се овозможува одржување на виталноста на современата економска наука во решавањето на најразлични економски проблеми.
Концептот на книгата е базиран на современ начин, со соодветна поврзаност на теоријата и праксата на основната проблематика на економските системи и политика кај нас и во светот, со цел на што поедноставен начин и низ практични примери, студентите да можат без тешкотии да ја совладаат оваа интересна економска област.
Item Type: | Book |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Prof.d-r Riste Temjanovski |
Date Deposited: | 15 Dec 2015 15:10 |
Last Modified: | 15 Dec 2015 15:10 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14536 |
Actions (login required)
View Item |