Жени претприемачи - предизвици и можности

Teohareva Moneva, Tatjana (2015) Жени претприемачи - предизвици и можности. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of koregirana lektorirana Tatjana.pdf]
Preview
Text
koregirana lektorirana Tatjana.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Жена претприемач е личност која има дух и креативност, поседува и раководи некое препријатие, притоа носејќи се со сите предизвици и ризици при раководењето. Исто така, жена претприемач е личност која е доволно храбра да преземе ризик сопствената идеја да ја претвори во стварност. Како мотивациони фактори на жените претприемачи се: желбата да се направи нешто, потребата од независност, достапност до финансии, финансиски тешкотии. Жените се еден од најпознатите неискористени извори во светот на креативноста и растот. Жените и нивната улога во претприемништвото добиваат сè поголема актуелност како во развиените земји, така и во земјите во транзиција.
Во овој магистерски труд ќе се покаже дека малиот бизнис е во тесна врска со жената претприемач. Исто така, ќе се покаже дека стереотип е ако се мисли дека сите жени се помалку способни за бизнис од мажите, што, пак, е поврзано со способноста за добра организација што жените ја имаат. Секое компаративно истражување кај мажите и жените претприемачи повеќе ги нагласува сличностите отколку разликите. Традиционалното сфаќање дека претприемништвото е машка работа произлегува само од половиот стереотип. Повеќето компании раководени од жени се недоволно финансирани, но, и покрај тоа, нивниот успех е поголем отколку оној на компаниите раководени од мажи. Жените, општо земено, имаат помалку пристап до финансии и финансиска поддршка отколку мажите. Во однос на финансиите, дискриминацијата за достапноста на кредити за мал бизнис е многу реално прашање со кое претприемачките се соочуваат.
Во овој магистерски труд исто така ќе се направи споредба меѓу жените претприемачи во повеќе земји, притоа осврнувајќи се на развојот на женското претприемништво во Република Македонија, како и на бизнис можностите за жени. Резултатите добиени со овој труд треба да покажат дека жената успешно и квалитетно може да води мал бизнис кој ќе носи финансиски профит и се очекува и да се охрабрат поголем број жени да започнат свој сопствен бизнис,да добијат идеја за бизнис план и истата успешно да ја преточат во успешен мал бизнис.
Клучни зборови: претприемач, претприемништво, мал бизнис.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 14 Dec 2015 10:15
Last Modified: 14 Dec 2015 10:15
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14479

Actions (login required)

View Item View Item