Ivanovska Runteva, Ivana (2015) Оценка на оперативните и финансиските перформанси на компаниите, со посебен осврт на ризичноста од вложувањата во хартии од вредност. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.
Preview |
Text
Ivana_Ivanovska_Runteva-magisterski_trud-lektoriran.pdf Download (3MB) | Preview |
Abstract
Финансиската анализа има задача да ја објасни релацијата помеѓу
одделните ставки на финансиските извештаи, кои комбинирани на најразлични
начини даваат значајни информации поврзани со ликвидноста, задолженоста,
профитабилноста и другите аспекти од работењето на една компанија. Секое
инвестирање е проследено со прибирање податоци за минатото работење на
компанијата, остварените резултати, нејзината ликвидност, исплатените
дивиденди, инвестирањето во сопствениот раст и сл. Сите овие минати резултати
и одлуки влијаат врз профитот кој ќе го остварува компанијата во иднина, а со тоа
и врз прерцепцијата за заработувачката од инвестирањето на средствата на сите
субјекти кои гледаат перспектива во работењето на избраната компанија и
остварување на нивните поединечни цели. На тој начин, преку финансиската
анализа и пресметката на финансиските показатели, стејкхолдерите го
препознаваат и го оценуваат ризикот од инвестирање во самите хартии од
вредност на компанијата. Тргнувајќи од овој факт, особено е јасно зошто се
посветува големо внимание токму на финансиската анализа, како и на
финансиските показатели и методи кои се користат при нејзино спроведување
Предмет на мојот магистерски труд е токму финансиската рацио анализа и
нејзината примена во донесувањето одлуки за инвестирање во хартиите од
вредност на компаниите и нивната ризичност. Теоретскиот дел на труот е
збогатен со голем број практични примери за пресметка на финансиските
показатели, преку кои се врши оценка на оперативното и финансиското работење
на компаниите, како и со практична анализа на работењето на акционерското
друштво Макпетрол АД Скопје, како лидер во трговијата со нафтени деривати во
нашата држава
Item Type: | Thesis (Masters) |
---|---|
Subjects: | Social Sciences > Economics and business |
Divisions: | Faculty of Economics |
Depositing User: | Katerina Hadzi-Vasileva |
Date Deposited: | 14 Dec 2015 10:14 |
Last Modified: | 14 Dec 2015 10:14 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14478 |
Actions (login required)
View Item |