Ги разбираме ли метапораките?

Nikolovska, Violeta (2015) Ги разбираме ли метапораките? Македонски јазик, 66. pp. 225-230. ISSN 0025-1089

[thumbnail of 2015_12_17_09_32_24.pdf]
Preview
Text
2015_12_17_09_32_24.pdf

Download (860kB) | Preview
[thumbnail of METAMESSAGES.pdf]
Preview
Text
METAMESSAGES.pdf

Download (561kB) | Preview

Abstract

Јакобсон изделува шест учесници во комуникацискиот чин (и според тоа шест функции на јазикот како средство за комуникација): испраќач на пораката, примач на пораката, порака, референт на пораката (контекст), код, медиум – канал, средство преку кое се пренесува (симболично, знаковно) оформената порака (Jakobson 1960). Како што се гледа, централен сегмент во вака претставениот чин на комуникација е пораката, чие пренесување е всушност и цел на секој комуникациски акт. Секоја порака пренесува значење. Информира за референтите во стварноста. Во теоријата на Јакобсон, посебно не се изделува значењето на пораката, а се подразбира денотативното значење на секоја порака, содржано во нејзината референцијална карактеристика. Прагматиката се занимава со значењето во контекстот, т.н. „intended meaning of speaker“ (она значење што било во намерата на говорителот). Тоа се разликува од буквалното значење, од лингвистички оформеното, кодирано во јазичните единици значење на пораката, на пр. БЕБЕ САЕМ (примерот е според Yule 2010) значи дека се работи за саем за производи наменети за бебиња, а не за саем на бебиња. Истражувачите на комуникацијата (организациските контексти на комуникацијата) одат уште подалеку. Ги истражуваат пораките што се содржат помеѓу редовите на она што експлицитно го кажуваме или пишуваме. Тие започнуваат да го употребуваат терминот метапорака. Метапораките ги доведуваат во врска со целата на комуникацијата, времето во кое се изрекува пораката и релациите кои постојат меѓу учесниците во комуникацијата. Во трудот, преку примери за метапораки проследени во соодветната литература и извлечени од сопственото искуство, ќе се обидеме да дадеме дефиниција на поимот метапорака, како и да го пронајдеме местото на овој поим во дисциплините што ја проучуваат комуникацијата од различни аспекти, меѓу кои спаѓа и јазикот.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Educational Science
Depositing User: Violeta Nikolovska
Date Deposited: 18 Dec 2015 12:24
Last Modified: 18 Dec 2015 12:24
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14469

Actions (login required)

View Item View Item