Македонскиот пазар на капитал - состојби и перспективи

Dimitrova, Janka (2015) Македонскиот пазар на капитал - состојби и перспективи. Other. Goce Delcev University Stip, Faculty of Economics. (Submitted)

[thumbnail of МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ -   состојби и перспективи - МОНОГРАФИЈА.pdf]
Preview
Text
МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ - состојби и перспективи - МОНОГРАФИЈА.pdf

Download (1MB) | Preview

Abstract

Постоењето на добро организиран пазар на капитал, претставува фактор, кој позитивно влијае врз одлуките на потенцијалните домашни и странски инвеститори да вложуваат во домашната економија. Добро организиран пазар значи добро регулиран пазар, што е, исто така, важно за инвеститорите. Значењето на странските инвестиции е особено големо за економиите во транзиција и земјите во развој, со оглед на недостигот на домашно штедење за остварување на повисоки стапки на раст.
Трговските друштва, со изградени перформанси и јасно утврдени развојни цели, кои преферираат дополнителен капитал и широк круг на инвеститори, котираат на официјалниот пазар на берзата. Со котацијата на акциите на берзата, управата на друштвото праќа јасна порака до потенцијалните инвеститори дека друштвото го управува транспарентно.
Инвестирањето на пазарот на капитал зависи и од политичката ситуација во земјата, а и од движењето на економијата на глобално ниво. Во земји каде има нестабилна политичка состојба, работата на Берзата опаѓа, за разлика од стабилните политички земји, каде што берзанското работење се одвива во континуитет. Берзата е огледало и барометар на општите случувања во општеството.
Економската криза која го зафати светот, во 2008 година, предизвика најсилен негативен одраз врз пазарите на капитал, како на обемот, така и на цените на хартиите од вредност. Цените на хартиите од вредност вртоглаво паѓаа преку ноќ. Берзанските индекси исто така. Во најголем број случаи се случуваа апсурдни состојби каде што и покрај тоа што компаниите искажуваа добри финансиски резултати и имаа перспективни инвестициони зафати, сепак цените на акциите паѓаа поради еуфоричниот паничен страв кој ги зафати инвеститорите да не ја изгубат својата инвестиција, па гледаа да ја зграбат последната шанса да се спаси што може да се спаси.
Македонскиот пазар на капитал иако релативно млад го доживеа својот процут во 2006 и 2007 година, но исто така ги почувствува и сè уште ги чувствува последиците од светската економска криза чиешто влијание почна да се чувствува во последниот квартал во 2007 година, а сè поизразено во 2008 и годините што следеа наваму, за да 2013 година биде со најпоразителни бројки како од аспект на обем на тргување така и од аспект на број на трансакции.

Монографијата МАКЕДОНСКИОТ ПАЗАР НА КАПИТАЛ состојби и перспективи е наменета за студентите на Економските и други факултети на кои се изучува предметната дисциплина Хартии од вредност, со цел да го осознаат местото и улогата на пазарот на капитал во националната економија и пошироко и да се види подемот и падот на Македонскиот пазар на капитал и турбуленциите во тргувањето со хартии од вредност. Овој ракопис ќе биде од корист и за менаџерите на деловните субјекти како и за сите индивидуални инвеститори кои тргувале или имаат намера да тргуваат со хартии од вредност.

Item Type: Monograph (Other)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Janka Dimitrova
Date Deposited: 10 Dec 2015 13:42
Last Modified: 10 Dec 2015 13:42
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14463

Actions (login required)

View Item View Item