Ревизорската професија во Македонија и во светот

Dimitrova, Janka and Micovska Sukrieva, Dragica (2015) Ревизорската професија во Македонија и во светот. Годишен зборник 2015, Економски факултет, 7 (8). pp. 123-131. ISSN 1857-76-28

[thumbnail of Zbornik_ekonomski_2015-vol-81.pdf]
Preview
Text
Zbornik_ekonomski_2015-vol-81.pdf

Download (6MB) | Preview

Abstract

Ревизијата претставува независно испитување на финансиските извештаи на деловните субјекти, банки или други организации и врз основа на тоа испитување, давање независно мислење за веродостојноста на тие извештаи, а во согласност со барањата на поставената задача пред ревизорот, како и во согласност со соодветната законска и професионална регулатива. Со ревизијата се потврдува точноста на тврдењата во финансиските извештаи за сеопфатност, точност, постоење, случување, вреднување, мерење, права и обврски и презентирање и обелоденување.
Целта на ревизијата е да им обезбеди на заинтересираните страни докази за веродостојноста на одредени информации, што се добиени од оние на кои им е доверен имотот на друштвото. Менаџментот на деловниот субјект е должен да креира и спроведе сметководствена евиденција и да се грижи за изготвување на финансиските извештаи во согласност со општоприфатените стандарди и рамка за финансиско известување.
Ревизијата како професија еволуирала во современа научна дисциплина која се практицира насекаде во светот и, континуирано се работи на: подобрување (надоградување) на Меѓународните ревизорски стандарди, континуирано стручно усовршување на овластените ревизори, почитување на кодексот на етика на овластените ревизори и одржување на дигнитетот на професијат.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Janka Dimitrova
Date Deposited: 09 Dec 2015 12:20
Last Modified: 09 Dec 2015 13:11
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14438

Actions (login required)

View Item View Item