Суштинските дилеми за историјата и културата на античка Македонија

Mladenoski, Ranko (2015) Суштинските дилеми за историјата и културата на античка Македонија. Македоника, 5 (13). pp. 3-44. ISSN 1857-7539

[thumbnail of Ranko Mladenoski Dilemi za anticka Makedonija spisanie Makedonika.pdf]
Preview
Text
Ranko Mladenoski Dilemi za anticka Makedonija spisanie Makedonika.pdf

Download (674kB) | Preview

Abstract

Овој труд претставува фрагмент од историскиот дел на докторската дисертација на Ранко Младеноски со наслов „Ликот на Александар Македонски како интерактивен код на културите во македонската книжевност“ што беше одбранет на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ во Скопје во 2010 година. Заради актуелноста на темата кај нас и тоа не само во потесните научни кругови ами и во пошироката јавност, се објавува овој историски фрагмент од докторатот и тоа во автентичната форма како што беше финализиран во 2010 година. На почетокот од трудот се појаснува дека многубројните дилеми и отворени прашања поврзани со историјата на античка Македонија веќе долго време се тема за полемизирање меѓу историчарите. Основните проблемски прашања за кои се полемизира се, пред сè, етничката припадност на античките Македонци, припадноста или неприпадноста на античките Македонци кон хеленскиот свет, карактерот на походот на Александар III Македонски во Азија (дали тој поход е македонски или хеленски), посебноста на античката македонска култура, јазикот и „писмото“ на античките Македонци, чиј е Александар Македонски (на денешните Македонци или, пак, на денешните Грци), односно кој е денешен наследник (автентичен) на античките Македонци и слично. Во трудот, всушност, е понуден еден панорамски преглед на пишувањата за ваквите дилеми и направен е обид, колку што е можно тоа, да се разјаснат некои од наведените прашања. Треба да се потенцира дека овој дел во докторската дисертација беше потребен како вовед во главната тема, а тоа е ликот на Александар Македонски како интерактивен код на културите во македонската книжевност. Во заклучокот од трудот се нагласува фактот дека историјата како наука досега открила голем број автентични податоци за збиднувањата во и во врска со античка Македонија, а тие секако и натаму ќе се надградуваат со текот на времето што е пред нас.

Item Type: Article
Subjects: Humanities > Languages and literature
Divisions: Faculty of Philology
Depositing User: Ranko Mladenoski
Date Deposited: 10 Dec 2015 10:45
Last Modified: 10 Dec 2015 10:45
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14415

Actions (login required)

View Item View Item