Значењето на стратешкото менаџерско сметководство како позитивен индикатор во современото бизнис опкружување

Koleva, Blagica and Gorgieva-Trajkovska, Olivera (2015) Значењето на стратешкото менаџерско сметководство како позитивен индикатор во современото бизнис опкружување. Годишен зборник 2015, Економски факултет, 7 (8). pp. 111-121. ISSN 1857- 76-28

[thumbnail of Zbornik_ekonomski 2015-dopolnitelen1.pdf]
Preview
Text
Zbornik_ekonomski 2015-dopolnitelen1.pdf

Download (6MB) | Preview

Abstract

Краток извадок
Управувањето со организацијата претставува универзален процес во модерниот индустриски свет, кој се однесува, пред сѐ, на сите преземени активности во рамките на работната организација. Во секоја организација е потребно да се донесуваат најразлични одлуки, да се координираат различни активности, да се поставува одреден позитивен однос со луѓето, како и да се комуницира со опкружувањето. Голем број на активности за управување имаат свои карактеристични приоди за решавање на специфични проблематики и предизвици. Како резултат на тоа, иако на ниво на организација се зборува за единствен менаџментски пристап, сепак контролата на системот на секоја компанија е составена од повеќе управувачки под системи, што има за цел потреба од стратешко делување. Менаџирањето со организацијата станува сѐ повеќе важно, а менаџирањето е особено кориснo при различни активности во организацијата, како што е придонесот кон сметководствениот процес, финансиите, маркетингот и други процеси кои истовремено се случуваат во организацијата. Следствено, менаџерското сметководство има за цел, во рамките на
организацијата да утврди, пред сѐ, која одлука е потребно да се донесе, притоа да се дефинира конкретниот проблем, да се обезбедат соодветните податоци во таа насока, да се изврши анализа на добиените резултати и податоци, како и да се извршат одредени прогнозирања на резултатот од донесената одлука.

Item Type: Article
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Olivera Trajkovska
Date Deposited: 09 Dec 2015 13:51
Last Modified: 09 Dec 2015 13:51
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14397

Actions (login required)

View Item View Item