Примена на МИС во логистиката со посебен осврт на компанијата „КБР Сервиси“

Trajkovski, Boban (2015) Примена на МИС во логистиката со посебен осврт на компанијата „КБР Сервиси“. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of Магистерски труд Бобан  Трајковски 208 423.pdf]
Preview
Text
Магистерски труд Бобан Трајковски 208 423.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Логистиката како сектор во рамките на секоја компанија којашто денес преферира да земе активно и препознатливо учество на глобалниот светски пазар, чиј составен дел е и нашиот национален пазар на стоки, добра, услуги и работна сила има круцијална улога во успешното работење на истите. Кај нас се наметнува активно како сектор во последните две децении, при што добива сè поголемо внимание од страна на менаџментските тимови кои искуствено дојдоа до сознание дека истата е моторот на движење на процесите во рамките на секоја компанија во остварувањето на таргетираните цели и задачи.
Согледувањата од извршените анализи за работењето на големите транснационални компании кои се носителите на современите економски процеси во светот , ги принудија и нашите национални компании активно да работат на осовременувањето на процесите што се одвиваат во рамките на нивните компании, при тоа обрнувајќи посебно внимание на имплементација на современите хардверско-софтверски решенија во нивното работење. Токму поради овие светски трендови кои се појавија пред сè заради огромниот светски техничко -технолошки развој, при што националните пазари се претопија во еден глобален светски пазар каде што за минимум краток временски интервал секоја компанија може да ги достави бараните нејзини производи до крајниот купувач на која било точка од Земјината топка, и од друга страна преку интернетот да се стапи во контакт директно со купувачот. При тоа вршејќи го целокупниот процес на купопродажба за неколку минути, наметна потреба од имплементација на современи информациони системи кои функционираат врз определени унифицирани програмерски платформи (пр.Maximo, Oracle etc.).На овој начин
4
компаниските информациони системи можат да се вмрежат во други поголеми надворешни системи функционирајќи во нив како подсистеми.
Сите овие информациони системи служат со цел за побрзо добивање на соодветни податоци како од интерната така и од екстерната мрежа, коишто со натамошната анализа се преточуваат во инпутни информации за компанијата врз основа на кои менаџментот за кратко време носи соодветни одлуки со цел совладување на настанатите конфликтни ситуации во кој било сегмент од работата.При тоа доаѓа до решение за проблемите кои пак водат до остварување на профит од реализација на зацртаните цели и програми.
При сето ова мора да се напомене дека информационите системи се составен дел од работењето на сите нивоа на менаџмент на компанијата, поаѓајќи од оперативните менаџери, преку тактичките менаџери, па сè до стратешките топ- менаџери. Така на оперативното ниво се носат одлуки во врска со контролирањето на оперативните активности во деловниот систем. При тоа менаџерите од оперативното ниво имаат потреба од детални информации за секојдневното извршувани операции, било да станува збор за производствениот процес, набавката, продажбата или слично.
На тактичкото ниво пак се планираат задачите за оперативните активности за да се исполнат поставените цели на деловниот систем од страна на топ- менаџерите. За реализација на овие потреби тактичките менаџери имаат потреба од поопшти извештаи за оперативната дејност.
Стратешките или топ- менаџери имаат надлежност да ја утврдат деловната политика и неопходните потребни финансиски, човечки, информациони и останати ресурси за реализирањето на планираната цел. Топ- менаџерите ги носат круцијалните одлуки кои се однесуваат на идниот развоја на деловниот субјект, проширувањето на производството со нови производи и услуги, освојување на нови таргетирани пазари, воведување на нови технологии и друго.
За оваа нивно работење топ- менаџерите имаат потреба од синтетизирани, агрегирани, генерирани специјални извештаи изработени по барањето на топ- менаџерите, во разбирлива унифицирана форма со користење на информационата технологија преку информационите системи во компанијата.
5
За оваа цел во трудот ќе направам напори да дадам еден опширен приказ нафункционирањето на менаџмент информациони системи (во понатамошниот текст МИС), како и на улогата на неговиот дериват ЛИС (логистички информационен систем) на транснационалната компанија ,,КБР Сервиси", преку анализа на системот кај оваа компанија со неговото расчленување на посебни делови кои набљудувани сами за себе можат да се третираат и како посебен независен систем. Но гледано во целина, врз основа на меѓусебните интеракциски врски го формираат т.н. супер- систем кој се засновува на синергијата , т.е. целото е повеќе од поединечните негови делови. При тоа ќе ги елаборираме процесите на електронска размена на податоци, употребата на вештачката интелигенција и користењето на баркод- системите, организационата поставеност на ЛИС кај малите компании, како и кај транснационалните компании со посебен шематски приказ на макро и микроорганизациона поставеност во ,,КБР Сервиси". Посебен осврт ќе направиме во елаборирањето на методите, средствата и процедурите во чувањето на податоците, како во електронските архиви така и во физичките архиви , како и мерките што компаниите ги преземаат од безбедносни причини при овие процеси. При изведувањето на сите овие особености на системот ќе користиме определени мешани научни методи, комбинација на квалитативни и квантитативни методи на истражување, како што се методот на системска анализа и синтеза, математичко- статистичка метода, компаративна метода, индуктивно дедуктивна метода, интервјуа, анкетирање.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 19 Nov 2015 14:01
Last Modified: 19 Nov 2015 14:01
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14298

Actions (login required)

View Item View Item