Онлајн маркетинг во време на брзи промени на глобалните пазари

Stojanova, Natasa (2015) Онлајн маркетинг во време на брзи промени на глобалните пазари. Masters thesis, Goce Delcev University Stip.

[thumbnail of магистерска - лекторирана.pdf]
Preview
Text
магистерска - лекторирана.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Зачетоците на интернетот датираат од 1963 година и истиот е поврзан со истражувањата во САД, под раковоството на Агенцијата за истражување на сложени проекти (Advanced Research Projects Agency – ARPA). Од тие причини бил инициран проектот ARPANET (Advanced Research Projects Agency Network), кој требало да овозможи сигурна комуникациска мрежа за воени потреби, која би фукнкционирала дури и во случај на оштетување на дел од мрежата. Не само што овие потреби биле задоволени, туку бил најавен и глобалниот феномен наречен ИНТЕРНЕТ, без кој ништо денес не би изгледало како што изгледа. Тој денес е навлезен буквално во сите аспекти на нашето живеење. Интернетот е револуционерна технологија од минатото која е сè поприсутна во сегашноста, а нејзините ефекти ќе продолжат да се манифестираат и во иднина. Интернетот овозможува достапност до многубројни информации, од било која област, од било кој извор, без разлика на локацијата. Овие карактеристики го прават мошне атрактивен за бизнис, во случајов за маркетинг, наречен онлајн маркетинг.
Преку интернет технологиите, маркетарите успеаја да му дадат нова димензија на маркетингот, при што на мошне интересен и модерен начин ги промовираат добрата и услугите на корисниците преку интернет. Денес, поголемиот дел од светскиот бизнис се извршува преку дигитални мрежи кои ги поврзуваат луѓето и компаниите. На овој начин корисниците насекаде од светот се поврзани во мрежа. За онлајн маркетингот може да се каже дека, го поттикнува остварувањето на зададените цели преку ползување на дигиталните технологии. Интернет маркетингот претставува пребарување и презентирање на добрата и услугите на интернет, со цел генерирање профит. Интернетот, има креирано виртуелен,глобален пазар ослободен од време и простор. Стариот традиционален маркетинг е заменет со нов концепт, прилагоден на инструментите на маркетинг миксот, во правец на индивидуален и целен маркетинг. Новата маркетинг форма е усмерена на индивидуализираниот интернет потрошувач по пат на непосредна интеракција. Наместо масовниот маркетинг, на интернет се случува маркетинг маса на индивидуи.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Social Sciences > Economics and business
Divisions: Faculty of Economics
Depositing User: Katerina Hadzi-Vasileva
Date Deposited: 17 Nov 2015 12:00
Last Modified: 17 Nov 2015 12:00
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14279

Actions (login required)

View Item View Item