Hadzi-Nikolova, Marija and Mirakovski, Dejan and Angelova, Biljana and Panov, Vlatko and Karanfilova Maznevska, Ana (2015) Ефекти од воведувањето на регионален систем за управување со отпад. In: IV Меѓународна конференција „Регионално управување со отпад“, 26-28 May 2015, Ohrid, Macedonia.
Preview |
Text
Hadzi-Nikolova1.pdf Download (1MB) | Preview |
Abstract
Регионалното управување со отпад претставува современ, стратешки пристап во управувањето со отпадот и предуслов за систематско решавање на третманот на отпад. Интегрираното регионално управување со комуналниот цврст отпад подразбира постепено затворање на несанитарните комунални и диви депонии и изградба на нови регионални инженерско санитарни депониии.
Регионалните депонии за комунален отпад кои треба да се изградат, ќе бидат опремени и ќе работат во согласност со стандардите на ЕУ и истите овозможуваат одржување на контрола над сите текови на создаден отпад, намалување на количините на создаден отпад, искористување на материјалната и енергетската вредност на отпадот, намалување на количините на опасни супстанции во отпадот, прифатливо депонирање од аспект на заштита на животната средина, како и спречување на нови оптоварувања на животната средина што ќе треба да ги решаваат идните генерации.
Во трудот ќе се осврнеме на ефектите од регионалното управување со отпадот како што се: затворање и ремедијација на депониите оценети како ризични за здравјето на луѓето, создавање нови работни места, зголемување на приходот, подобрување на животниот стандард, како и зголемено учество на јавноста.
Клучни зборови: регионална депонија, регионален план, животна средина, управување со отпад.
Item Type: | Conference or Workshop Item (Paper) |
---|---|
Subjects: | Engineering and Technology > Environmental engineering |
Divisions: | Faculty of Natural and Technical Sciences |
Depositing User: | Marija Hadzi-Nikolova |
Date Deposited: | 17 Nov 2015 12:36 |
Last Modified: | 17 Nov 2015 12:36 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14275 |
Actions (login required)
View Item |