Практикум по туристичка картографија

Koteski, Cane (2015) Практикум по туристичка картографија. ISBN 978-608-244-241-9.

[thumbnail of КОРИЦА ОД ПРАКТИКУМ ПО ТУРИСТИЦКА КАРТОГРАФИЈА-ПДФ.pdf]
Preview
Text
КОРИЦА ОД ПРАКТИКУМ ПО ТУРИСТИЦКА КАРТОГРАФИЈА-ПДФ.pdf

Download (3MB) | Preview

Abstract

Практикумот е наменет за студентите од трета година V семестар за насоката туризам за да можат студентите успешно да ги реализираат везбите и подготовката на колоквиумите и успешно полагање на завршниот испит.

Предговор:
Практикумот по ,,Туристичка картографија“ е наменет за студентите на Факултетот за туризам и бизнис логистика, конципиран согласно наставните планови на
студиските насоки: Туризам и (ГИД) Гастрономија исхрана и диететика. Практикумот ќе се користи како литература за реализирање на вежбите и за самостојна работа на студентите. Индивидуалниот пристап на студентите во поглед на решавањето и одговарањето на поставените прашања ќе овозможи студентите да бидат подготвени за полагање на испитот.
Овој наставен предмет за првпат се воведува и изучува во нашата земја 2010 година на нашиот универзитет ,,Гоце Делчев“ – Штип на Факултетот за Туризам и бизнис логистика на насоката за Туризам и (ГИД) Гастрономија исхрана и
диететика во градовите Гевгелија, Штип и Скопје. Секако дека во наредните години овој наставен предмет ќе се изучува на многу други факултети. Содржински, опфатени се осум наставни глави, каде туристичката картографија се
обработува во национални и глобални рамки. Посебна благодарност им изразувам на рецензентите проф. др Благоја Маркоски и доц. др Свемир Горин за укажаните сугестии и несебичната помош при изготвувањето на Практикумот по предметот туристичка картографија. И покрај настојувањата Практикумот да биде наменски и сеопфатен, можни се
одредени пропусти. Поради тоа, однапред им изразувам благодарност на сите корисници коишто добронамерно ќе ми укажат на направените пропусти кои во наредното издание ќе бидат дополнети и отстранети.

Item Type: Teaching Resource
Subjects: Natural sciences > Earth and related environmental sciences
Social Sciences > Social and economic geography
Divisions: Faculty of Tourism and Business Logistics
Depositing User: Cane Koteski
Date Deposited: 06 Nov 2015 10:39
Last Modified: 06 Nov 2015 10:39
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14182

Actions (login required)

View Item View Item