Gazepov, Strahil (2014) Анализа на промените во видното поле. Македонско списание за офталмологија, 1 (1). pp. 32-38. ISSN 1857-9523
Preview |
Text
OFTALMOLOGIJA1g.pdf Download (601kB) | Preview |
Abstract
Вовед: глаукомот претставува бавно прогресирачка невропатија со промени во очниот нерв, ретиналниот неврофибрилерен слој и видното поле.
Цел: рано откривање на промените на видното поле кај пациенти со почетено откриен глауком (ПОГ) и споредување на откриените промени со автоматската компјутерска периметрија кај пациенти со окуларна хипертензија (ОХ).
Материјал и методи при периметрија: испитувани се 210 очи, 105 пациенти. Од нив, 90 очи со почетно откриен глауком, 60 очи со окуларна хипертензија и 60
очи како контролна група, поделени во три возрасни групи. На сите пациенти им беше извршен очен преглед, измерен покачен очен притисок со вредности oд 21-26 mmHg, освен кај здравите пациенти, направена е гониоскопија со што
е потврдено дека сите пациенти имаат отворен иридокорнеален агол и на сите им е направена автоматска компјутерска периметрија.
Резултати од периметријата: определени се средните вредности на периметријата од загуба на чувствителноста (MD), количеството и длабочината на скотомите (PD) на испитуваните пациенти со почетно откриен глауком и окуларна хипертензија.
Заклучок: на крај како сублимат од сите анализи добиени со САП, 20% пациенти од групата на ОХ се со параметри поголеми од средната вредност на групата од ПОГ, односно 20% пациенти со ОХ веќе развиле почетен глауком со отворен агол.
Item Type: | Article |
---|---|
Subjects: | Medical and Health Sciences > Other medical sciences |
Divisions: | Faculty of Medical Science |
Depositing User: | Strahil Gazepov |
Date Deposited: | 27 Oct 2015 13:58 |
Last Modified: | 03 Nov 2015 14:01 |
URI: | https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/14083 |
Actions (login required)
View Item |