Високо ефикасни transnorm (TN) асинхрони мотори

Papasterevski, Kosta and Cingoski, Vlatko (2015) Високо ефикасни transnorm (TN) асинхрони мотори. In: Зборник на трудови, 9-то Советување на МАКО-СИГРЕ. Македонски комитет за големи електрични системи во СИГРЕ, Скопје. ISBN 978-608-4578-07-9

[thumbnail of 2015-8 - MAKO-CIGRE A1-063R, TransNorm motori.pdf]
Preview
Text
2015-8 - MAKO-CIGRE A1-063R, TransNorm motori.pdf

Download (37MB) | Preview
Official URL: http://www.mako-cigre.mk

Abstract

Повеќе од 60% од целокупното искористување на електричната енергија отпаѓа на нејзино претворање во механичка енергија за потребните на различни индустриски погони, најчесто со користење на асинхрони мотори.
Од друга страна, порастот на цената на енергенсите на глобално ниво, условува потреба од континуиран развој, сé со цел на замена на старите асинхрони мотори со конвенцијална изведба, со нови, современи и пред сé силно енергетски ефикасни асинхрони мотори, кои можат да работат како на низок така и на висок напон. Тенденцијата за постојано намалување на нивото на загуби како и значително подобрениот начин на одведување на топлината
создадена при нивната работа, допринесуваат новата класа на мотори да се изработува според високите стандарди за енергетска ефикасност за овој тип на електрични машини, особено стандардот IEC 60034.
Во овој реферат, накратко ќе бидат обработени основните карактеристики на т.н. transnorm (TN) асинхроните мотори за низок и висок напон кои произлегуваат од нивниот
специфичен дизајн и конструктивна изведба, како и придобивките од замена на класичните асинхрони мотори со соодветни современи transnorm асинхрони мотори, како од технички така и од инвестициско-економски аспект.

Item Type: Book Section
Subjects: Engineering and Technology > Electrical engineering, electronic engineering, information engineering
Divisions: Faculty of Electrical Engineering
Depositing User: Vlatko Cingoski
Date Deposited: 14 Oct 2015 08:10
Last Modified: 14 Oct 2015 08:10
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13954

Actions (login required)

View Item View Item