Одделот за пијано на Музичката академија настапи на ШКЛ

23.6.2015      

 Како дел од Штипско културно лето 2015, синоќа во Уметничката галерија „Безистен“ се одржа концерт на класична музика насловен „Вечер на пијаното“. На концертот настапија студенти од Одделот за пијано при Универзитетот „Гоце Делчев“.

 Тања Трбојевиќ, студентка во класата на проф. д-р Милица Шкариќ, се претстави со Хајдн, следеше настап на Деспина Филова во класата на проф. м-р Ангеле Михајловски со прекрасната „On the mountain" op.19 No 1 од Григ, трет беше Јованче Банев во класата на проф. д-р Татјана Џорлева. а феноменално звучеше дуото Бојана Михајлоска и Деспина Филова на пијано со изведбата на опус 66 од балетот „Заспаната убавица“, инаку и двете во класата на проф. д-р Владимир Лазаревски.

 Концертот продолжи со изведбата на „Un Sospiro" S.144 No 3 од Франц Лист во изведба на Петре Штерјов, студент во класата на проф. д-р Милица Шкариќ, а на крајот настапија уште двајца изведувачи, Бојана Михајлоска и Душан Стојанов. Бојана Михајлоска е студентка во класата на м-р Ангеле Михајловски, која се претстави со Prelude in g-minor Op.23 No 5 на Рахмањинов, а Стојанов е во класата на проф. д-р Татјана Џорлева и се претстави за финале со Ballade op.23 на Шопен.

 

05/10/2015
5.10.2015 - Студентите од Факултетот за туризам и бизнис логистика – насока Гастрономија, исхрана и диететика и Хотелско-ресторанската насока на...