Професори од УГД на концерт во Велес20.5.2015 На 22 мај во Велес, градот на културата за 2015 година, сопранистката доц. м-р Благица Поп Томова и пијанистката проф. д-р Милица Шкариќ, професорки на Музичката академија при Универзитетот „Гоце Делчев“ ќе одржат концерт. Концертот е по повод Денот на сесловенските просветители и на него двете уметници ќе се претстават со дела од Чајковски, Рахмањинов, Прокопиев и Зографски. Концертот ќе се одржи во салата „Бели мугри“ во Велес.
|