Репертоар:

Концерт на Поп Томова и Шкариќ во МОБ

Во четврток, 11 јуни со почеток во 20 часот, во Фоајето на Македонската опера и балет сопранистката Благица Поп Томова и пијанистката Милица Шкариќ ќе одржат целовечерен концерт...

Двете уметници ќе се претстават со дела од Чајковски, Рахмањинов, Прокопиев, Зографски, Гавриловски, Белини, Пучини, Каталани и Гуно.

Благица Поп Томова дипломирала и магистрирала на ФМУ Скопје. Првенка е во Македонската опера и балет и има настапувано во бројни, позитивно оценети главни улоги.

Милица Шкариќ завршила студии по пијано во Париз и Хамбург. Добитник е на голем број домашни и меѓународни награди. Професор е по пијано на Музичката Академија во Штип.

Ден подоцна (петок) уметниците ќе одржат концерт во Штип во уметничката галерија Безистен со почеток во 19 часот.