Примена на Канбан методологијата и нејзините ефекти кај тимовите за развој на софтвер

Kirovska, Nevenka (2015) Примена на Канбан методологијата и нејзините ефекти кај тимовите за развој на софтвер. Masters thesis, Goce Delcev University, Stip.

[thumbnail of ЛекториранМагистерски труд  Н.Кировска.pdf]
Preview
Text
ЛекториранМагистерски труд Н.Кировска.pdf

Download (2MB) | Preview

Abstract

Во секојдневниот живот се среќаваме и користиме голем број на уреди кои, покрај нивната физичка компонента, неминовно имаат и софтверска компонента. Овие уреди се најразлични, од персонални компјутери, мобилни телефони, таблети па сè до најразлични производствени машини. Развивањето на еден софтверски продукт не претставува само пишување на код и негово одржување. Овде станува збор за еден структуриран и планиран процес кој опфаќа повеќе фази. За реализирање на овој циклус на софтверскиот продукт постојат повеќе методи и техники, секоја со свои предности и недостатоци за даден конкретен проект. Овие методи неминовно се менуваат со цел подобрување на ефикасноста и ефективноста на самиот процес за развој на софтвер. Поаѓајќи од традиционалните модели, па сè до агилните методи за развој на софтвер, увидени се потребите за сè поподробно истражување и подобрување на овие методи со оглед на нивното влијание врз целокупната успешност на развојот на еден софтверски продукт.
Канбан претставува нова техника за управување, односно контрола на процесот за развој на софтвер. Првенствено, оваа техника најпрвин се употребила во Јапонија и тоа во производството. Оваа методологија применета во областа на софтверски развој е сè уште млада, меѓутоа, во светски рамки веќе е докажана како успешна практика со низа успешни софтверски проекти.
Целта на магистерската тема е претставување на Канбан методологијата и нејзина практична примена во процесот на развој и управување со софтверските проекти преку креирање на Канбан веб апликација. Популарноста на веб апликациите доаѓа од многубројните предности кои тие ги нудат. Една од најголемите предности е тоа што овозможуваат интеракција на луѓето без потреба за физичка средба, а ова е особено значајно кога самите лица кои работат на некој проект се географски дистрибуирани на големи растојанија. Друга значајна предност на веб апликацијата е тоа што не е потребно нејзино инсталирање локално на компјутерот. Членовите од тимот за развој на софтвер и пристапуваат од каде било и во кое било време. Сите податоци од апликацијата се наоѓаат онлајн и им се достапни на сите лица од тимот. Оваа Канбан веб апликација ќе се тестира и искористи практично од страна наконкретен тим за развој на софтвер за даден софтверски проект. Резултатите од истата ќе се евалуираат и ќе се споредуваат со оние од останатите методологии за развој на софтвер. Целта е да се прикаже нејзината ефикасноста, ефективност, заштедата на време и ресурси итн.

Item Type: Thesis (Masters)
Subjects: Natural sciences > Computer and information sciences
Divisions: Faculty of Computer Science
Depositing User: Vaska Zdravkova
Date Deposited: 13 Oct 2015 08:12
Last Modified: 13 Oct 2015 08:12
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13924

Actions (login required)

View Item View Item