Злоупотреба на антибиотици

Angelovska, Bistra (2015) Злоупотреба на антибиотици. Ваш аптекар (2). pp. 15-17. ISSN 1857-971X

[thumbnail of ЗЛОУПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ.pdf]
Preview
Text
ЗЛОУПОТРЕБА НА АНТИБИОТИЦИ.pdf

Download (273kB) | Preview

Abstract

Антибиотиците се супстанции кои можат да ги убијат бактериите (бактерицидно дејство) или да го спречат нивниот раст (бактериостатско дејство). Може да бидат од природно потекло, синтетски или полусинтетски добиени.
Тие се добар избор за лекување на бактериски инфекции, но не делуваат на вируси и габички.
Антибиотиците се пуштени во употреба во раните 40-ти години од минатиот век. Во почетокот се користени само во болниците за лекување на силни и животозагрозувачки болести како што се туберкулозата, воспаление на белите дробови и менингитис. Денес најмногу се употребуваат во примарната здравствена заштита, и тоа, во најголем дел кога не се потребни или неопходни: за благи инфекции, вирусни инфекции и превентивно. Тоа се состојби при кои воопшто не делуваат, а може да нанесат сериозни штети на организмот. Денес е скоро неможно да се најде човек кој никогаш не користел антибиотик.
Исто така, се користат при одгледување на животни на фармите, како и во земјоделието и индустријата. Нивната пречеста и прераширена употреба доведува до негативни последици за луѓето и целото општество, бидејќи доведува до слабеење на имунитетот и развој на отпорни видови на бактерии. Во овој момент, тоа е проблем од глобални (светски) размери во јавното здравство.

Item Type: Article
Subjects: Medical and Health Sciences > Other medical sciences
Divisions: Faculty of Medical Science
Depositing User: Bistra Angelovska
Date Deposited: 13 Oct 2015 08:04
Last Modified: 13 Oct 2015 08:04
URI: https://eprints.ugd.edu.mk/id/eprint/13919

Actions (login required)

View Item View Item